Што е пчелин восок? Тоа е сосем природна супстанција која служи како материјал за изградба на саќето, а воедно го заштитува и од влага. Го произведуваат младите пчели работнички на возраст од 12-18 денови кои имаат развиени восочни жлезди во кои всушност восокот се создава.

Тие го произведуваат само кога има доволно мед и поленов прав. Ова богатство што ни го дарила природата се применува во широк спектар производи. Помеѓу останатото за производство на свеќи, како и за приготвување на разни козметички производи и лекови. Добро делува кај ревма, за лекување на чир на желудник, кај проблеми со синуси и уште многу други тегоби и состојби.

Останете со нас и ќе дознаете како се топи пчелиниот восок. Исто така, ќе дознаете за кои здравствени тегоби е корисен, но и како можете да го искористите во вашиот дом. Ќе дознаете и како да ја негувате вашата кожа и да имате најубаво, “порцеланско” лице.

СОСТАВ И ГЛАВНИ СВОЈСТВА НА ПЧЕЛИНИОТ ВОСОК

Пчелиниот восок е сложена мешавина и содржи преку 300 различни материи. Од лековити супстанции кои можат да се најдат во природата, тој содржи најмногу трајни соединенија. Нивното дејство и квалитетот не се губат со текот на времето.

Додека во восочните жлезди на пчелите работнички се наоѓа во течна состојба, восокот кога ќе дојде во допи со воздухот, се стврднува. Во неговиот состав влегуваат 70-75% естри, 11-17% јаглеводороди, 12-15% органски масни киселини, 0,1-2,5% е вода. Покрај тоа, содржи уште и:

Виши ал-ко-холи, каротеноиди, ароматични и минерални супстанции и специјални примеси како што се поленот и прополисот. Се раствора во глицерин, а потребно е медот да се изцентрифугира. Точка на топење му е помеѓу 56, па дури и до 72 степени Целиусови.

Во врела вода саќето се топи, пчелиниот восок испливува на површина и кога ќе се олади се стврднува. Потребно е да се претопи и да се излее во калапи. Бојата на саќето, а со тоа и на пчелиниот восок може да се менува во зависност од примесите, односно од процентот на поленов прав и прополис.

Ако нема никакви додатоци во него, тогаш бојата му е бела до светло жолта и има пријатен мирис на мед. Оној од втор квалитет има жолта до светло кафеава неизедначена боја. Третата категорија има сивокафеава до темнокафеава неизедначена боја и се добива во текот на преработката. Жолтото саќе има 75% восок, темнокафеавиот 60%, а непроѕирното само 40%.

Колку е посветол пчелиниот восок, толку има подобар квалитет. При загревање во вода тој испливува на површината, а примесите паѓаат на дното или лебдат во водата. Под прстите при гмечење е еластичен, не се размачкува, не се кине, при џвакање не се лепи за забите. При стругање дава спирални листови, изедначена структура и боја. Ако се стави во печка, тогаш ќе изгори без остатоци и пријатно мириса.

ЛЕКОВИТОСТ И БЕНЕФИТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Пчелиниот восок како лек се употребува во медицински цели на различни начини, за лековити масти, фластери, креми. Се користи после отстранување на гипс, потоа кај изгореници, во случај на спортски повреди. Дури и во пластичната хирургија има пронајдено своја примена.

Неговата примена во народната медицина одамна е позната, се користи самостојно или во комбинација со лековити билки. При загревање впива многу топлина, па кога ќе се стави на заболено место ја подобрува циркулацијата и го исхранува оштетеното ткиво.

Исто така, ги апсорбира токсините од телото и има противвоспалителен ефект, антибиотско дејство, ја регенерира и обновува кожата. Поради сето наведено, пчелиниот восок многу често се користи за лекување на рани.

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

Грчкиот историчар Херодот забележал дека восокот од пчелите се користел за балсамирање во гро-б-ниците. Пронајден е и во египетските пирамиди. Со векови му е познат на човештвото и многу е ценет, бидејќи придонесува за подобрување на општото здравје и изглед.

Уште одамна низ историјата се користел во медицината за приготвување на мевлеми и разни креми. Во некои краишта со векови наназад бурињата со вино ги премачкувале со восок за подобро сочувување на виното и неговата посебна арома.

ЗА АЛЕРГИСКИ ЗАБОЛУВАЊА, НАСТИНКИ И БРОНХИТИС

Во еден сад со вода која се грее, ставете алуминиумски сад во кој сте ставиле пчелин восок. При загревањето и растопувањето, доаѓа до испарување на лековити материи, па потребно е болниот да ги вдишува овие испарувања.

На тој начин се пружа одлична помош во случај на настинка, но и кај бронхитис. Поради своето антибактериско дејство восокот на овој начин го олеснува дишењето и ги чисти дишните патишта.

ОБЛОГИ ОД ПЧЕЛИН ВОСОК

Овој лековит дар од природата може да се користи и во вид на облога. Се става со дебелина од 0,5 -1,5 см и се остава да делува околу половина час. Се загрева со топла вода и после кратко ладење се нанесува на болното место, се прекрива со памучна ткаенина и се остава да делува 20-30 минути.

Во него може да се натопи перниче од газа и да се нанесе на спорното место. Постојат и фластери од восок кои се налепуваат и се оставаат 24 часа. На тој начин можете ефикасно да го примените кај повреди, воспалени мускули, зглобови, бронхитис.

Облогите од пчелин восок за оток на колено потребно е да се ставаат наутро и навечер. Пчелиниот восок и маслиновото масло се добра комбинација кај ревматски заболувања. Еве како наједноставно се приготвува:

Загрејте го восокот и додадете му малку маслиново масло, а потоа смесата ставете ја на болното место и оставете да делува преку цела ноќ. Со тоа ќе се намали болката и отокот, ќе се подобри циркулацијата и ќе се ублажат воспалителните процеси.

Исто помага и во случај на дислокација на зглобови (исчашувања), болки во зглобови, нозе, раце или врат. Ефикасен е и кај гнојни рани каде се става загреан.

РЕЦЕПТ ЗА ОБЛОГА ОД ПЧЕЛИН ВОСОК ЗА РАНИ:

Потребни состојки: 100 г маслиново масло, 20 г бела смола, 8 г жолт восок, 1,5 г несолен путер, 1 г темјан.

Постапка: Потребно е сите наведени состојки да се измешаат, да се готват 10 минути (оставете да врие). После ладењето смесата премачкајте ја врз памучна ткаенина и обложете ја раната.

ЏВАКАЈТЕ ВОСОК ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

Пчелиниот восок како лек може да се внесува во организмот, па се џвака восочната маса од саќето или капаченцата од него. На овој начин го подобрувате варењето, можете да лекувате чир на желудник, да ги зајакнете непцата и да ги исчистите забите од забен камен.

Дневно по половина до една кафена лажичка добро се лекување на пептички улцер, како и за воспаление на крајници. Против поленска кивавица или астма потребно е да се џвакаат по 15 минути половина до една лажичка восочни капаченца. Така 3-4 пати во текот на денот.

Восочните капечнца заедно со медот се уште полековити бидејќи содржат драгоцени материи и од медот и од восокот – во едно. Поради своето антивирусно декство помага во случај на грип или досадна кашлица, а добро е и за слузокожата на дишните патишта.

Треба да се џвака восочно саќе 10 минути, трипати дневно. Во овој случај подобро е она потемното бидејќи содржи прополис. За интензивно чистење на грлото и носот треба да џвакате половина лажичка восочно саќе со мед 10 минути на секој еден час.

Восочните капаци се добри за лекување на синуси. Треба да се земе парче саќе и да се џвака 10-15 минути па да се исфрли од устата. Во текот на денот се зема 4-6 пати во растојание од еден час. Дополнително можете синусите да ги обложите со малку загреан восок и да го оставите така преку целата ноќ.

Во случај на грозница 3-4 седмици треба трипати дневно по 10-15 минути да се џвака пчелин восок или саќе. Покрај тоа, пред појадок и пред спиење да се пие вода измешана со 2 лажички ед и 2 лажички јаболкова киселина.

УПОТРЕБА НА ВОСОКОТ ВО КОЗМЕТИКАТА

Пчелиниот восок во козметиката е застапен во бројни производи. Влегува во состав на кремите за разубавување, козметички маски против стареење и препарати за депилација. Поради своето антибактериско својство, составен дел е и од кремите за лекување на гнојни рани.

Дава природна заштита од сонце, ветер и студ. Кожата добро го впива природниот пчелин восок кој не ги затнува порите, поради величината на своите молекули од кои е изграден. Се создава заштитен слој на површината од кожата кој не спречува “дишење” на кожата, во однос на премазот од есенцијални масти.

Погоден е затоа што активните состојки непречено влегуваат во кожата и делуваат слободно. Заштитниот слој кој се создава ја успорува дехидратацијата и стареењето на кожата, па таа станува мека, еластична и мазна. Го потпомага процесот за регенерација на ткивата, па така го забрзува процесот на зараснување на раните.

Пчелиниот восок против брчки извонредно делува, освен што ги отстранува и “пегла”, тој ја ревитализира и кожата околу нив. Под дејство на овој природен антибиотик, се спречуваат разни воспаленија, се уништуваат бактериите и се смирува надразнетата кожа. Тој ја прави поотпорна на речиси сите кожни болести.

РЕЦЕПТИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА СО ПЧЕЛИН ВОСОК

За пчелин восок рецептите се многу практични и можете сами да ги испробате во домашни услови. Така на многу едноставен и потполно природен начин ќе ја негувате вашата убавина без употреба на вештачки производи.

ПРИРОДНА МАСКА ПРОТИВ БРЧКИ ЗА ПОДОБРА ЕЛАСТИЧНОСТ НА КОЖАТА

Потребни состојки: 30 г мед, 30 г пчелин восок, 30 г сок од луковици од бел крин (бел лилјан) и 30 г сок од кромид.

Постапка: растопете го восокот во глинен сад, па додадете му ги сите наведени состојки. Потоа добро промешајте и изладете. Добиената смеса се нанесува на лице, врат и областа на деколтето, наутро и навечер. Вака приготвениот пчелин восок за лице им одговара речиси на сите типови кожа.

МЕВЛЕМ ЗА ИСПУКАНИ УСНИ

Потребно е да растопите и измешате 50 г ланолин, 50 г бел восок, 2 г вазелинско масло и 0,5 г ружина водичка. Во текот на ладењето налијте во соодветни мали сатчиња. Со ова можете да ги мачкате усните и тие ќе бидат помеки и понежни од било кога претходно.

ХРАНЛИВА МАСКА ЗА ЛИЦЕ

Потребни состојки: 70 г мед, 50 г пчелин восок, сок од луковици од бел лилјан.

Постапка: Пчелиниот восок најпрво растопете го, па додадете му ги останатите состојки. Треба да добиете хомогена смеса. Оваа маска можете да користите 2-3 пати неделно, ќе изгледате посвежо и поодморно.

ОСТАНАТА ПРИМЕНА ВО ДОМАЌИНСТВОТО

Белиот восок главно се применува во фармацијата за козметички препарати. Покрај тоа има примена во многу индустриски гранки. Тој е универзална суровина, има околу 2000 различни начини за примена. Жолтиот се користи во многу области од индустријата.

Во хемиската индустрија за разни пасти, текстилната, прехрамбената, кожната при преработка на кожата. Потоа за изработка на кабли, хартија, автомобили, хемиска и оптичка индустрија. Има примена во сликарството, вајарството, влегува во состав на мастите за паркети, дури се употребува и кај конзервирање на кашкавалот.

За домашна употреба оваа природна супстанција можете да ја искористите во случај на средување на вашиот дом. Пчелиниот восок за дрво овозможува одлична заштита од влага, бидејќи истото го штити од натопување од вода.

Добар е за полирање на подовите, па ако имате ламинат или паркет, одлично средство е за таа цел. Исто така, дома можете да го користите за гланцање на дрвени површини како регали, дрвени маси, мебел и слично. Исто така, во комбинација со други супстанции има свои предности и употребна вредност.

Помешан со парафин дава одлична смеса која е погодна за мачкање на разни површини како заштита. Во комбинација со стеарин ја губи пластичноста, додека со калафорниум станува многу леплив.

ИСКУСТВА НА КОРИСНИЦИ СО ПЧЕЛИН ВОСОК. Ви пренесуваме неколку коментари од читатели:

Зорица: Ми пречат повеќето креми за лице, бидејќи се исфрлам од силните хемикалии кои ги содржат. После подолго испробување на разни препарати на база на билки, наидов на рецептот со пчелин восок. Сама си го направив кремот и почнав да го користам.

Можам да ви кажам дека конечно немам никаков осип на кожата и се чувствувам многу освежено. Би им го препорачала секому да го испроба, можеби тоа ќе му овозможи олеснување како што се случи во мојот случај.

Драгица: Имам ревма веќе долги години. Мака си ма-чам, а болките не прекинуваат ни навечер. Сосетката ми рече да пробам со облоги од пчелин восок. И помогнало на нејзината сестра. И така почнав да ставам облоги кои во голема мера ми ги намалија болките.

И натаму ги користам наутро и навечер пред спиење. Се чувствувам подобро и можам полесно и побезболно да се движам. Нозете и грбот не ме болат како претходно. И благодарам на Мира сосетката за овој совет!

КАДЕ МОЖЕТЕ ГО КУПИТЕ ПЧЕЛИНИОТ ВОСОК И КАКО ДА МУ ГО ПРОВЕРИТЕ КВАЛИТЕТОТ

Восокот можете да го најдете кај приватни пчелари, да го порачате преку интернет или во подобро снабдените продавници за здрава храна. Поради својата вредност, често се произведува и “лажен” кој содржи и други примеси.

Најчесто се меша со парафин, церезин, стеарин, калафорниум, лој и разни билни видови на восок. Од тие причини е многу важно при неговото купување добро да обрати внимание на сè. Особено ако сакате да го користите во лековити цели.

ПРОВЕРКА: Натопете парче восок во вода и оставете го така да отстои неколку дена. На чистиот, вистински восок ќе се создаде тенок слој скрама. На лажниот восок нема да се создаде никаков слој. За пчелиниот восок цената се менува во зависност од квалитетот.

Просечно цената се движи околу 10-15 евра по еден килограм. Нема штетно влијание по човековиот организам, па пчелиниот восок можат да го користат и деца и бремени жени. Само оние кои се алергични на било која состојка од восокот, саќето или медот, не смеат да го употребуваат овој дар од природата.