Поради нездравата храна и навики, повеќето луѓе си го “закиселуваат” организмот, а поради тоа се јавуваат симптоми како замор, главоболка, проблеми со дигестијата и пад на имунитетот, а со текот на времето би можеле да се појават и некои сериозни болести – смета Сандра Мариќ Булат дипл.инг.нутриционизам.

Иако нашиот организам настојува да ја одржи рН рамнотежата преку континуирано чистење со помош на пуфери, бубрези и бели дробови, сепак, кога ќе ги почувствуваме тие симптоми, ние можеме да си помогнеме сами на себеси, преку консумација на алкална вода – советува нутриционистот.

Таа исто така смета дека алкалната вода е многу подобар избор отколку сода бикарбоната која луѓето често ја користат, бидејќи пребрзо ја менува рН вредноста, а не делува долгорочно. Инаку, кај здрав организам рН на кр-вта се движи помеѓу 7,35 до 7,45 што е благо алкална средина која се одржува со помош на пуфери.

Но, некои делови од телото природно имаат поинаква рН вредност, па не треба да се претерува ниту со откиселувањето, за да не дојде до пореметување на природната рамнотежа која си ја имаат тие делови од организмот.

Сандра Мариќ додава дека алкалната вода можеме да ја пиеме редовно, секој ден, особено во текот на летните денови, бидејќи освежува, а може да ја пиеме и повремено, тогаш кога ќе почувствуваме силен умор, пречки со дигестијата и слично.

Ваквата вода му овозможува на телото полека да се алкализира, односно да се воспостави рамнотежа на рН во организмот и да го одржува овој баланс долгорочно, како превентива од разни проблеми.

Меѓу останатото, спречува создавање на каменчиња во бубрези, и развој на низа болести поврзани со бубрезите и задржување на токсините во организмот. Рецепт како се приготвува алкална вода според нутриционистот Сандра Мариќ Булат, може да прочитате на крајот од текстот.

Алкална вода не е обична вода. Тоа е вода што има повисока pH вредност од обичната вода за пиење. Заговорниците на алкалната вода тврдат дека таа помага во спречување на некои болести како што се ракот и дека го забавува процесот на стареење.

Што е всушност алкална вода?

Можеби сте слушнале некои од различните здравствени сведоштва за алкалната вода. Некои велат дека таа може да помогне во забавување на процесот на стареење, да го регулира нивото на pH во организмот и да спречи некои хронични болести како што е ракот.

Терминот „алкална“ се однесува на нејзиното pH ниво. Нивото на pH е број што мери колку е кисела или алкална супстанцијата на скала од 0 до 14. На пример, течност со концентрација pH 1 би била многу кисела, а течност со концентрација pH 13 би била многу алкална. Докажано е дека има антиоксидативни својства и игра огромна улога во борбата против слободните радикали.

Алкалната вода има повисоко ниво на pH од обичната вода за пиење. Затоа, некои поборници веруваат дека алкалната вода ја неутрализира киселината во вашето тело. Нормалната вода за пиење обично има неутрална pH вредност од 7. Алкалната вода има pH вредност од 8 или 9.

Водата што е природно алкална се добива кога тече низ карпите, како извор, а во неа има многу минерали кои го зголемуваат нејзинито алкално ниво. Постојат бројни компании кои продаваат алкална вода создадена преку хемиски процес наречен електролиза.

Тие велат дека преку електричната енергија се одделуваат некои молекули во вода и ја прават покисела или поалкална, но лекарите и истражувачите велат дека овие тврдења не се поддржани со научна поткрепа. Студија објавена од Светската Здравствена Организација предупредува на редовно пиење ниско – минерална вода.

Алкалната вода и здравјето

Сепак, постојат неколку студии кои сугерираат дека алкалната вода може да биде корисна за третирање на одредени состојби. На пример, студија од 2012 година покажа дека пиењето алкална вода што има pH 8,8 може да помогне во деактивирање на пепсинот, што е основниот ензим што предизвикува киселински рефлукс (металоиди). Друга студија сугерира дека пиењето алкална вода може да им користи на луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол.

Алкалната вода е безбедна за консумирање, но сè уште не се доволно истражени нејзините придобивки во третирање на одредени здравствени состојби.  Пиењето на природна алкална вода се смета за безбедно бидејќи содржи природни минерали.

Сепак, треба да бидете претпазливи со вештачката алкална вода, која веројатно содржи помалку минерали неопходни за доброто здравје, отколку што покажува нејзината висока pH вредност, така што прекумерната употреба може да остави недостаток на минерали во вашето тело.

Како да направите алкална вода?

Алкална вода може да се купи во многу продавници или продавници за здрава храна.  Сепак, можете сами да си направите алкална вода во домашни услови. Ако додадете лимон во чаша вода, вашата вода ќе стане поалкална! Важно е да се користи дестилирана вода кога се прави алкална вода во домашни услови, бидејќи водата од чешма или флаширана вода може да содржи адитиви.

Рецепт за приготвување на алкална вода.

Потребни состојки: 1 бокал (2 л) чиста филтрирана вода, 1 органски лимон, измиен и исечен на осмини или тркалца, 1 лажичка хималајска розова сол

Подготовка: Наполнете го бокалот со чиста филтрирана вода, додадете ги парчињата лимон, но не го истискувајте сокот во водата. Потоа додадете 1 лажичка хималајска розова сол, покријте го и оставете го да отстои преку ноќ (8-12 часа) на собна температура.

Следното утро испијте две чаши пред појадок и една пред спиење. не е потребно да се испие целата вода која сме ја приготвиле во текот на еден ден, за да не претераме со вкуспниот внес на течности, но добро е да се испијат помеѓу половина литар и литар алкална вода дневно, советува нутриционистот.

Алкална вода со сода бикарбона. Потребни состојки: 200 мл вода, 1/8 лажица сода бикарбона

Подготовка: Додадете 1/8 лажица сода бикарбона во чаша со 200 мл вода. Сода бикарбоната е алкална, а во комбинација со вода се подобруваат нејзините алкалните ефекти. Само бидете внимателни – бидејќи сода бикарбоната содржи многу натриум, не користете ја ако сте на диета што нагласува помал внес на сол.

Рецепт за алкална вода со помош на pH капки

Шише со pH капки може да набавите во аптека или продавница за здрава храна. Следете ги упатствата за употреба кои објаснуваат колку капки одат на кое количество вода. Капките содржат алкални минерали кои ја алкализираат водата што ја пиете.

Колку алкална вода можете да пиете? Секој треба да започне со пиење на 1-2 чаши алкална вода на ден и постепено да ја зголемувате дозата до 4-5 чаши дневно.

Зошто е добро да се пие алкална вода?

Бидејќи е повеќе алкална од обичната вода, ја потиснува вишокот киселина во нашето тело. Алкалната вода помага и во лекувањето на дијабетес и рак и го зајакнува имуниот систем. Капењето во алкална вода може да има позитивен ефект врз кожата.

Помага во лекување на дијабетес

Студија спроведена од корејски научници покажа дека алкалната вода го намалува нивото на шеќер во кр-вта. Друга студија вели дека алкалната вода може да ја подобри вискозноста на кр-вта кај пациенти со дијабетес, што го зајакнува општото здравје.

Го подобрува здравјето на коските

Како што старееме, нашите коски ослабуваат, калциумот престанува да се таложи, а ние сме под се поголем ризик од фрактури. Некои студии покажаа дека алкалноста може да го подобри здравјето на коските. Општ заклучок е дека луѓето треба да внесуваат повеќе алкални состојки во исхраната за да ги заштитат своите коски.

Луѓето кои консумираат алкална вода поретко ги кршат коските и нивната густина на коските не се намалува толку многу. Сепак, нема многу истражувања за употребата на алкална вода во случај на артритис или гихт.

Го регулира кр-вниот притисок. Некои студии сугерираат дека пиењето алкална вода може да има позитивно влијание врз кр-вниот притисок. Но, за да се потврди овој заклучок, потребни се повеќе тестови.

Алкална вода за слабеење. На едно истражување спроведено врз стаорци, оние глодари кои конзумирале алкална вода на крајот имале помала телесна тежина. Експертите објаснуваат дека една од причините за тоа е што алкалната вода го забрзува метаболизмот.

Помага во лекувањето на рак

Некои извори велат дека клетките на ракот напредуваат во кисела средина и бидејќи алкалната вода ја намалува киселоста, може да помогне во лекување на рак. Некои експерти препорачуваат пациентите да одат на алкална диета, која вклучува пиење алкална вода.

Постојат студии кои покажаа дека алкалната средина може да го подобри ефектот на одредени лекови дадени за време на хемотерапија. Според ваквите студии, алкалната диета е исто така одговорна за намалување на воспалението, една од најчестите причини за рак.

Помага при металоиди и киселински рефлукс

Алкалната вода може да ја неутрализира стомачната киселина и да ги ублажи симптомите на металоиди и киселински рефлукс. Алкалната вода може да го потисне дејството на хлороводородна киселина, киселина во желудникот што помага при варење, бидејќи ако има повеќе од неа, може да се издигне преку хранопроводот. Сепак, лекарите велат дека се потребни повеќе истражувања пред да започнеме да користиме алкална вода како лек за металоиди и слични проблеми.

Има позитивен ефект кај бремени жени

Истражувањата покажуваат дека жените кои пијат алкална вода за време на бременоста имаат полесно раѓање и зголемена секреција на млеко. Покрај тоа, се намалува ризикот од појава на жолтица кај бебето. Исто така, резултатите покажуваат дека алкалната вода има биолошки ефект врз постнаталниот раст на детето.

Помага во детоксикација на организмот иако нема студии кои директно го потврдуваат ова тврдење, еден од нив зборува за важноста на алкалната средина. Поточно, објаснето е како алкалноста на ткивото предизвикува поефикасно исфрлање на токсините од телото.

Може да помогне во лекување на кожни заболувања

Пиењето алкална вода може да помогне во лекување на кожни заболувања како што се псоријаза и егзема, а исто така може да помогне и при појава на акни. Дури и капењето во алкална вода може да ја потхрани кожата доволно за да има забележителен ефект против стареење. Капењето во алкална вода не може да и наштети на вашата кожа.

Препораки. Се препорачува да се консумира алкална вода наутро на празен стомак. На овој начин се исфрлаат сите токсини што се насобрале во текот на ноќта, но исто така го хидрирате организмот. Се препорачува за сите генерации, деца малку постари од 15 години.

Одлична е за спортисти, луѓе со прекумерна тежина, но и дијабетичари. Алкалната вода за луѓе со стомачни проблеми и запек се покажа како исклучително ефикасна. Во случај на хроничен гастритис и чиреви, не ја користете.

Постојат ли несакани дејства од пиењето на алкална вода?

Кога ќе започнете со пиење на алкална вода, во нормални нуспојави се сметаат потемни и помеки столици, па дури и течење на носот, за што се смета дека детокс-процесот започнал. Овие симптоми исчезнуваат кога телото ќе се навикне на водата, што се случува за неколку дена или 2-3 недели од отпочнувањето. Пред да почнете со употреба консултирајте се со вашиот лекар. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.