Ако немате клима или имате, но таа не може да постигне да го разлади воздухот во вашиот дом, не е лошо да се потсетиме на советот на познатата докторка Нада Мацура кој од година во година го пренесуваат сите медиуми.

Таа претходно даваше совети како да се преживее жештината и да се одржи здравјето. – За време на топлите денови, кои се очекуваат според временската прогноза, важно е да се облекувате лесно и да јадете нискокалорична храна – изјави д-р Мацура.

– Покрај начинот на облекување, сега се советува да се јаде и посно сирење, салата, риба, вистинска медитеранска исхрана. Прилагодете ја исхраната на временските услови, за да не ослободувате премногу енергија, што дополнително доведува до потење и лесно може да го наруши срцевиот ритам кај срцевите болни – ова се дел од советите на оваа докторка.

– Притисокот и пулсот може да се пореметат поради системот за терморегулација. Мора да јадеме лесна храна, нискокалорична. Тие што работат надвор и многу се потат, а проблем е и висината (се мисли на градежните работници), работодавачот се одговорен да се погрижи за нивната безбедност.

Но, тие мора со нив да имаат два до три литри течност за да се хидрираат и да носат заштитна опрема. Во работата мора да се прават многу чести паузи – рече таа.

Кога не треба да бидеме надвор?

– Не излегувајте надвор од 10 до 17 часот. Знам дека не е реално, луѓето мора да одат на работа, во продавница… Носете долги ракави за да избегнете директна сончева светлина или заштитна облека.

Во јуни и јули вака висока температура не е забележана со години, најлошо е за хроничните, астматичарите и срцевите болни – изјави д-р Мацура. Топлината носи и несоница и други тегоби, а д-р Нада вели дека Итната помош во овој момент има полни раце работа.

– Горештините влијаат и на зголемениот број на алкохолизирани лица на кои им е потребна итна помош. Топлината не влијае на тоа дали брзо ќе се опиеме, но на жештината претеруваме со количината.

Се пие повеќе пие од вообичаено со цел да се разлади организмот, но претераните количини се опаcни. На село се пие ракија со кафе, но на село е полесно, нема толкава горештина поради природата, има сенка и простор.

Ако немате клима, сенката и ладовината е единственото решение – рече таа. Ако немате можност да одите некаде во природа, тогаш ладете го задниот дел од вратот, тилот со ладен пешкир, а исто така ладете ја предната страна од лакотниот зглоб на рацете, како и задниот дел од коленото.

Луѓето кои имаат прекумерна тежина потешко ја поднесуваат жештината, потсети д-р Мацура, што треба да поттик да јадат повеќе салати и да пијат освежително свежо цедени сокови за да се разладат, но и да ослабат.