Ако имате спанаќ не пропуштајте го овој рецепт…Полнети тенки кори како палачинки, многу вкусно…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл)
2 чаши топла вода (два прста помалку) 400 мл
1 лажичка инстант квасец 6 г
1 лажичка шеќер 10 г
1 лажица маслиново масло 10 мл
1 лажичка сол 10 г
3,5 чаши брашно 325 г
За фил:
1 кг спанаќ (лист)
2 главици кромид
100 г рендан кашкавал
1 лажичка сол, чили пипер
4 супени лажици маслиново масло 40 мл
ПОСТАПКА:
1.Во садот за месење ставете го квасецот, шеќерот и водата и измешајте. Додавајте брашно малку по малку, сол и маслиново масло, па замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака.
2.Добиеното меко тесто покријте го и оставете го да ферментира половина час.
3.За филот, во поголем сад ставете ги добро измиените и исечкани листови спанаќ, кромидот и другите состојки и убаво измешајте.
4.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 12 топчиња. Покријте ги со крпа за да не се сушат.
5.Земете го првото топче и развлечете го во кора со големина на чинија (30 см). Едната половина наполнете ја со фил.
6.Преклопете со другата половина и затворете ги краевите за да се залепи тестото.
7.Ставете соодветна тава на шпорет и загрејте ја без да додадете масло. печете ги „палачинките“ од двете страни на умерена температура, а притоа премачкувајте ги со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/iAkS06ANu48?si=Xu6P68DXwGHhLHiK