АЧМИ СО МЕЛЕН АФИОН кои нараснуваат во пуфки и се делат на конци…Постапката на приготвување е лесна, а резултатот е воодушевувачки…
Овојпат користевме паста од мелен афион, но по желба можете да користите какао или готов лешников крем како нутела и слично…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 100 мл):
За тестото:
2 чаши топло млеко (400 мл)
1 чаша (неполна) масло (180 мл)
1 чајна мала чаша јогурт/кисело млеко (100 г)
2 белки на собна температура
3 лажички шеќер (28 г)
1 кесичка инстант сув квасец (10 г)
7,5 чаши брашно (700 г)
1 лажичка сол (7 г)
За фил:
250 грама паста од афион или лешников крем или какао/чоколадо во прав
4 супени лажици гранулиран шеќер
1 чајна мала чаша масло (90 мл)
За премачкување:
2 жолчки + 1 лажичка млеко или масло
ПОСТАПКА:
1.Во длабок сад измешајте топло млеко, масло, кисело млеко/јогурт, белки, шеќер и квасец. Изедначете, па започнете постепено да го додавате брашното малку по малку.
Додајте и лажичка сол. На крај треба да добиете меко тесто, сосем малку лепливо, но да се двои од ѕидовите на садот.
2.Покријте го со стреч фолија и оставете да ферментира на топло место околу еден час или додека убаво да го удвои волуменот. Можете да го ставите и во рерна загреана на 50 степени за да го забрзате стасувањето, 40 минути.
3.За фил помешајте 250 г паста од афион, шеќер и масло, да добиете смеса која лесно се премачкува.
4.Стасаното тесто лесно премесете го и поделете го на 6 топчиња. Со рака малку отворете го едното топче и со оклагија развлечете го во кружна кора.
5.Кората премачкјате ја со фил, па подозгора преклопете со нова кора. Pродолжете фил-кора додека да ги наредите сите кори. Последната кора не ја мачкате. Со рацете мналку по малку развлечете го кругот во голема праволаголна кора.
6.Исечете тенки ленти со широчина од 1.5 см (или колку сакате). Секоја лента опфатете ја за двата краја и уште малку развлечете ја.
Преклопете ја на два, па малку заcсушете во обратни насоки (спирално) како да цедите крпа, па свиткајте во полжав.
7.Печивата наредете ги во плех обложен со хартија, одозгора премачкајте ги со жолчки и оставете ги на топло да стасуваат или во топлата рерна околу половина час.
8.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути додека да поруменат.
Можете да ги послужите откако ќе се изладат околу 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.