Овие мини пици ни се омилена вечера, филот го правам со кашкавал, шунка, кечап, но може да ги правите и по ваш вкус. За да излезат убави, важно е тестото да го погодите, а по овој рецепт и најнеискусните ќе успеат да замесат меко тесто кое расте до плафон. Фото и рецепт на Зорка Јанчева

Фото и рецепт: Зорка Јанчева




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг брашно, 500 мл млеко, 1 лажица сол, 1 лажиче шеќер, 2 коцки квасец, 200 мл масло, и вода се додава по потреба. ЗА ФИЛ: кашкавал по ваша желба, шунката е исто опционален избор, кечап, оригано…

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

ПОСТАПКА: тестото се замесува средно меко тесто. Соединете ги сувите состојки во брашното додајте сол, шеќер, квасец и прелијте со млеко и масло. Замесете фино и меко тесто и постепено додавајте вода додека да се формира убаво и да не се лепи под прсти.




Потоа се остава на некое топло место да надојде, јас му истурам и една лажичка масло врз него, го мешам и го оставам повторно да стаса. Додека го чекам тестото го рендам кашкавалот и шунката ја сечкам ситно, потоа кога ќе биде готово тестото го делам на 4 парчиња.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева




Парчињата ги разлекувам, премачкувам со кечап и оригано претходно измешано и редам шунка и кашкавал одозгора. Завиткувам во ролат и сечам на парчиња и ги редам во плех обложен со намастена хартија за печење. Едното тесто го направив во триголници кои исто се преубави.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева




Се оставаат пиците уште малку да одморат, па пред печење се премачкуваат со изматено јајце и кисело млеко една лажица во јајцето ставив и на печење во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 10-15 минути и тоа е сè.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

(втор рецепт) Мини пици: Многу брза и лесна подготовка, излегуваат доста. Веројатно секој си има некој свој рецепт за мини пици, не е ништо ново, но ако некој не ги правел, еве рецепт, па нека ги проба. Јас вака ги правам веќе 10 години и мене ми се супер. На располагање имате три рецепти, сите се добри, но различен состав, па вие одлучете кој најмногу ви одговара.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 1 коцка квасец, 300 мл млеко, 1 лажица шеќер, 1,5 лажица сол, 150 мл масло. ЗА ФИЛ: 1 чаша павлака (180 г), 300 г шунка, 250 г мек путер или маргарин, 3 жолчки, по вкус кисели краставички.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева




ПОСТАПКА: квасецот разматете го во млако млеко со шеќер, па кога ќе се активира замесете го тестото со останатите состојки. Измесете го убаво тестото додека да стане мазно, па оставете го да ја удвои величината. Пригответе го филот: исечкајте ја шунката и краставичките, па додајте жолчки, павлака и маргарин.




Тестото поделете го на четири делови, па секој дел развлечете го во правоаголна форма, премачкајте го со путер и филувајте го. Тестото свиткајте го како ролат, па сечете парчиња со дебелина од 1-2 см. Редете ги мини пиците во намастен плех, оставете ги малку да стасаат, па печете ги во загреана рерна на 220 степени.




Пред крај од печењето премачкајте ги со кечап, наросете оригано, и по желба врз нив наросете рендан кашкавал. Вратете во рерна уште 5 минути колку да се растопи кашкавалот и пиците се готови. Идеални се како вечера со чаша јогурт, а може и за појадок.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева




(трет рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 2 коцки квасец, 1 прашок за печиво, 3 филџани за кафе масло, 250 мл млеко, 250 мл млака вода, 3 лажички шеќер, 2 лажички сол.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

ПОСТАПКА: се активира квасецот во млака вода со малку шеќер и брашно, па со останатите состојки се замесува убаво еластично тесто. Тестото се остава да стасува 15-тина минути, а потоа се размесува и се дели на три делови.




Секој дел се развлекува во правоаголна кора со големина на лист хартија од А4 формат. Кората се премачкува со кечап, се додава шунка и кашкавал, се наросува оригано, па се витка како ролат.

Ролатот се сече на парчиња дебели околу 2 см или по ваша желба. Од еден ролат излегуваат околу 20 мини пици. Се редат легнати во намастен плех или обложен со хартија, се наросуваат со оригано и врз секоја мини пица се става мало парче маргарин или путер. Откако малку ќе стасаат се печат во загреана рерна на 200 степени.