Едноставно се приготвува, а има неверојатна моќ да ги разложува и топи масните наслаги од пределот на стомакот.
Напитокот се состои од намирници чија комбинација со точно определени количини ја има вистинската моќ да го промени метаболизмот и да предизвика засилено користење на енергија од масните резерви.
Луѓе кои го пробале истакнуваат дека е можно да се намали дури 80% од салото на стомакот, што звучи навистина неверојатно!
Иако секој организам индивидуално реагира на различни видови стимуланси, сепак овој напиток не може никому да наштети и вреди да се проба.
Единствен услов е редовно да се пир секој ден на гладно, во текот на една седмица.
Потребни состојки:
1 лажичка чиа семе
1 лажичка мед
1 сок од еден лимон
300 мл вода
Постапка:
Чиа семето ставете го во вода и оставете да кисне еден час (или ако немате време, покиснете пред спиење за да го испиете наутро). Семето ќе набубри од водата. Потоа додадете сок од лимон и мед, па добро промешајте ги наведените состојки.
Ако ви е премногу густо или сакате мазна текстура, напитокот пригответе го во блендер.