Ова е најсподелуваниот природен лек со најмногу позитивни коментари и искуства.

Потребни состојки:

400 г корен од целер
1 кг лимон
2 литри вода

Постапка:

1.Лимонот измијте го и исечкајте го на тенки кругови. Водата ставете ја во голем лонец па во неа ставете го лимонот.

2.Целерот изрендајте го па додадете го во водата со лимонот. Гответе 20 минути на силен оган, па оставете да излади (преку ноќ или 6 часа).

3.Процедете низ двојна газа или ситна цедалка.

4.Складирајте во стаклени садови, па пијте по 100 мл пред оброк, трипати на ден. Може да се разреди со 100 мл минерална вода. Се чува во фрижидер.

5.Времетраење на терапијата: околу 2 месеци, па потоа повторно проверете ја крвната слика.

Напомена:

Познато е дека лимонот ги губи витамините кога се загрева на висока температура, па можете да го исцедите сокот од лимонот, а да ја сварите само неговата кора, па подоцна да го додадете и сокот.

Диета-План за исхрана на лице со зголемени масти во крвта

Интегрални житарици, леб и печива од целозрнести житарици, црн или ’ржан леб. Две парчиња леб дневно.

Млеко и млечни производи: јогурт, свежо сирење, кисело млеко – сите немасни ферментирани производи во помали количини.

Бистра супа од немасно месо и/или зеленчук, рибина супа.

Риба и морски плодови: (сина и бела риба), посебно морска, варена или печена со минимум маснотии.

Месо и месни производи: пилешко и мисиркино (без кожа), телешко.

Зеленчук: се’ освен скробен.