Домашни ТВИКС кекси – еднаш пробајте ги – ќе ги сакате засекогаш

Потребни состојки:

300 г меко брашно

250 г путер/маргарин

100 г шеќер во прав

1 кеса карамел бонбони

3-4 лажици слатка павлака

250 г чоколадо по избор

Постапка:

Од наведените состојки (брашно, путер и шеќер во прав) замесете тесто и оставете го 1-2 часа во фрижидер. Сечете облици по желба и печете ги 10-тина минути на 170 степени.

Карамелите стопете ги со слатката павлака и со лажичка прелијте преку површината на кексите.

Врз карамелот ставете топено чоколадо.

И тоа е тоа!

www.coolinarika.com

Loading...