Рафаело топчиња за 5 минути, за сите љубители на кокосот, одлични снежни топчиња за секој ден, а особено е омилена за новогодишните празници. Се топат во уста, имаат неодолив вкус. По желба во секое топче можете да ставите по еден лешник.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 мл млеко, 38 г пудинг со вкус на ванила (1 кесичка), 4 супени лажици шеќер, 30 г путер или маргарин, 100 г бело чоколадо, 100 г кокосово брашно, 200 г мелени бадеми или лешници.




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 350 мл млеко и 38 г пудинг со вкус на ванила (прашокот од 1 кесичка). Додајте и 4 лажици шеќер (или по вкус), па измешајте убаво со жица-маталка за да се растопат состојките и да нема грутчиња.




Потоа тенџерето ставете го на умерен оган за да зоврие и со постојано мешање сварете го пудингот додека да згусне. Сварениот крем тргнете го на страна и додајте 30 г несолен путер и 100 г бело чоколадо искршено на коцки.




Промешајте додека е топол пудингот за да се растопат додадените состојки и да се соединат во кремот. На крај додајте 100 г кокосово брашно и 200 г мелени бадеми (или лешници, по желба).




Измешајте добро за да се изедначат сите состојки во смесата, а потоа оставете ја настрана убаво да се олади и стегне. Од изладената смеса црпете со лажица и со помош на дланката формирајте топчиња со големина на пинг понг топче.




Формираните топчиња валкајте ги во кокосово брашно и редете ги во чинија за послужување. Од оваа смеса излегуваат 20-тина топчиња, а бројот зависи од големината со која ќе ги правите. Во секое топче може да ставате по еден лешник, а по желба може да ги преливате и со растопено бело чоколадо.