Ќе ви претставиме два рецепти за многу вкусни посни зеленчукови чорби кои се многу здрави и се препорачува да се јадат не само за време на пост, туку и преку целата година. Рецептот и видео презентацијата се од Јелена Петровиќ – Бабината кујна.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 1/2 страк праз, 2 моркови, 1 корен од целер со малку лист, 1 корен од морков, 1/2 помала главица зелка, 1-2 раце грашок, 1 свежа црвена пиперка, 1 компир, 1 шолја за кафе ориз, 2-3 ловорови листови, 1/2 лажичка црн пипер во зрно, 1 супена лажица сув зеленчуков зачин, сол и мелен црн пипер по вкус, малку свеж магдонос




ПОСТАПКА: Најпрво сиот зеленчук добро исперете го под млаз ладна вода, па исчистете го и излупете го по потреба. Еден морков изрендајте, а вториот исечкајте го на тркалца. Останатиот зеленчук исечкајте го на ситни коцки, а оризот исперете го во неколку води.




Во високо тенџере загрејте малку масло па запржете го ренданиот морков, 1-2 минути додека да омекне. Потоа додајте го празот исечкан на тркалца, промешајте, па заедно динстајте ги под капак уште неколку минути. Додајте малку вода колку да не е суво дното.




Потоа додајте го морковот исечкан на тркалца и сечканата пиперка, промешајте, проверете дали има течност на дното и динстајте под капак. Потоа додајте го остатокот од зеленчукот и налејте вода да се покрие. Додајте црн пипер во зрно и ловоров лист.




Поклопете и гответе под капак на умерено-тивок оган. Откога ќе зоврие варете уште 20 минути, а потоа додајте го оризот, претходно добро испран. Продолжете со готвење под капак со повремено промешување сè додека зеленчукот да омекне.




Некаде пред крајот отстранете ги ловоровите листови и зачинете со сув зеленчуков зачин, сол и црн пипер по вкус, а на самиот крај додајте го ситно сечканиот магдонос. Вашата витаминска чорба е готова и можете да ја послужите. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следува рецептот за витаминската чорба со спанаќ:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 1 врзоп млад кромид или 1 главица стар кормид, 2 поголеми моркови, 1 голем корен пашканат или корен од магдонос, 2 помали компири, 200 – 300 г спанаќ, 4 лажици ориз, 2 чешниња лук, малку масло, сув зачин, црн пипер, магдонос




ПОСТАПКА: Спанаќот добро измијте го, исцедете го и ситно исечкајте го. Морковот ситно исчекајте го или изрендајте го, па на малку масло пропржете го (ренданиот морков пропржете го, а вториот исечете го на тркалца и малку подоцна додајте го во чорбата).




Младото кромитче исто така ситно исечкајте го на крукчиња, како и пашканатот, па додајте ги во динстаниот морков. Промешајте и оставете да се динста под капак на ниска до умерена температура.




Потоа додајте го спанаќот, ситно сечканото лукче, сечканите компири, па кога ќе омекне зеленчукот налејте вода, додајте претходно испран ориз и зачинете по вкус, па гответе додека сиот зеленчук да омекне. Пред крајот додајте ситно сечкан свеж магдонос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.