Силниот чај од ајдучка трева го регулира и го прочистува крвотокот, па добро е да се пие при внатрешни крварења, крвава столица, крварење од носот како и кај други рани. Помага и при менструални тегоби и ги ублажува грчевите.
*Против нередовна менструација се пие 3-4 пати по една чаша силен чај и тоа два дена пред менструацијата.
*Грчевите во желудникот и цревата ќе се смират ако трипати дневно пиете по 200 мл топол напиток, зошто поттикнува лачење на плувачка, желудечни сокови и желудечни киселини.
*Посебно се препорачува на луѓе со висок крвен притисок.
*Во вид на облози оваа билка е добра за стопирање на крварењето од рани.
СОВЕТ: долгорочното користење на преголеми дози може да предизвика главоболки и пречувствителност на кожата од сончевите зраци.
ЧАЕВИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА (со свежа или сува билка)
Рецепт бр.1
Потребно:
20 г цветови ајдучка трева
1 литар вода
Подготовка:
Варете ги свежите цветови од ајдучка трева во литар зовриена вода околу 10-15 минути. Пијте 4 пати на ден по една чаша.
Рецепт бр.2
Потребно:
Лажичка сушени цветови ајдучка трева
250 мл вода
Подготовка:
Сувите цветови прелијте ги со чаша зовриена вода, поклопете и оставете да отстои околу половина час. За желудечни тегоби пијте по мала чашка двапати дневно, еден час пред јадење.