Потребни состојки:
1 кг 200 г брашно (околу 1 кг)
200 мл млако млеко
400 мл јогурт
40 г свеж квасец
200 мл масло
1 лажица шеќер
2 лажички сол
200 г маргарин/путер
3 јајца (2 жолчки за тесто, цело јајце за премачкување)
200 г ситно сирење
100 г фета сирење или по избор
Постапка:
Прво ставете го квасецот да се активира, измешајте со половина децилитар млако млеко (одвојте од 2 децилитри погоре наведени), 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно.
Во вангла измешајте брашно, сол, активираниот квасец, масло, јогурт, млеко и замесете меко тесто. Оставете покриено да отстои околу 30 минути.
Поделете на 4 дела и секој развлечете го во круг. Исечете на 16 дела, ставете фил на поширокиот дел од тестото, па свиткајте ги кифличките.
За фил измешајте ситно сирење, фета, белки и малку посолете по вкус. Или филот пригответе го по сопствен избор.
Редете на намастен плех со путер или маргарин, премачкајте ги со изматено јајце и на секое ставете парче путер. Оставете ги 10 минути да отстојат додека рерната се загрева на 200 степени и печете додека да поруменат.