Со овој едноставен трик, непријатниот мирис на пржениот кромид повеќе нема да се шири низ куќата. Традиционалните јадења од балканската кујна се незамисливи без динстаниот кромид или праз, а често на сето тоа се додава и лук.




За многумина, мирисот на пржениот кромид или лук е нешто најпримамливото, она што отвора апетит и мометот кога започнуваат да се лачат ензимите во стомакот и подготовката „дека ќе се јаде некое вкусно јадење“.




Сепак, иако овој зеленчук на јадењето му ја дава таа препознатлива сладост и арома, за голем број домаќинки ова не е омилениот дел од подготовката на храната.




Целата куќа замирисува од динстањето кромид, мирисот се „впива“ во гардеробата и косата, а понекогаш не е лесно да се изветрее, особено во студените денови. Па така, првичната „магија“ од неодоливиот мирис, набрзо иcчезнyва.




Виновникот за непријатните мириси е оcлободувањето на сулфурот кој се содржи во кромидот при негова термичка обработка. Сепак, можно е и да се избегне оваа „непријатност“, и да се подготви вкусно зготвено јадење, без воздухот во кујната да добие „непријатен“ мирис.




Трикот е да додадете една едноставна состојка, која повеќето од нас ја имаат во кујната, а тоа е сода бикарбона. Кога ситно ќе го исечкате кромидот и ќе го ставите во тавче со загреано масло, задолжително додајте една лажичка сода бикарбона.




Ако количината на кромид е повеќе од половина килограм, додајте полна лажица и оставете го кромидот да се динста како и секогаш. Освен што нема да шири непpијатен мирис, кромидот ќе се згycне и ќе го олесни варењето.




Исто така, ако јадењето што го подготвувате со динстаниот кромид бара правење запршка, истата можете да ја прескокнете, бидејчи кромидот динстан со сода ќе му ја даде на јадењето потребната густина. Овој трик го применуваат готвачите во големите ресторани и хотели.