Сигурно не сте размислувале дека оваа билка која речиси сите ја имаме во дворовите, е толку спасоносна.
Долгите разговори на мобилен телефон, како и целото наше опкружнување со денешната технологија, не изложува на нездраво зрачење кое со текот на времето може да ни го влоши здравјето.
Од овие опасности може да спаси рузмаринот!
Имено, оваа билка ја содржи состојката карносол, а карносичната киселина делува како заштита од отпадните, слободни радикали во организмот.
Рузмаринот е антиоксиданс кој се покажал како многу делотворен во лекувањето на лица кои биле изложени на радијација.
Со употреба на рузмаринот, се спречува таложењето и создавањето на отрови, пишува Organic Нealth.
Потребни состојки:
2 лажички ситно сечкан лист од рузмарин
1 чаша врела вода
Постапка за правење на чај од рузмарин:
Свежиот рузмарин прелијте го зовриена вода. Оставете да отстои поклопено 5-10 минути. Процедете.
Дополнителен совет:
Маслото од рузмарин помешајте го со некое базно масло, и со ова средство мачкајте ги вашите болни стапала. Од ова средство ако накапете во врела вода, ќе добиете одлична инхалација.