Овесните снегулки содржат калиум, натриум, магнезиум, цинк, фосфор, витамини Б1, Б2, Е… и тоа не е целиот список…

Покрај тоа што се одлични како храна бидејќи се богати со влакна и го олеснуваат празнењето на цревата, многу се погодни и за користење во козметички цели.

Секојдневното миење со овесни снегулки овозможува да се отстрани масниот сјај од кожата, да се излекуваат акните и да се „испеглаат“ ситните брчки, а вашата кожа ќе ја направи мазна и сјајна.

За да ја направите оваа маска ќе ви бидат потребни само овесни снегулки и вода:

Најдобро е претходно овесните снегулки малку да ги иситнете. Земете една рака овесни снегулки, ставете ги во цедалка, и ставете ги под млаз вода околу 20-тина секунди.

После тоа, многу нежно, без да ја гребете кожата, 2-3 минути со кружни движења нанесувајте ја маската со блага масажа. Нанесете на лицето, вратот и деколтето. Околу очите само намачкајте, без триење.

Исплакнете со вода, исушете, па нанесете го тоникот и кремот кој вообичаено ги користите.

Лесно зар не? Набрзо ќе го почувствувате ефектот од таквото секојдневно миење.

Но, доколку имате проблематична кожа, нема одеднаш да видите чудо. Овесните снегулки ќе успеат да ги решат проблемите со акни, митесери и инфекции, со редовно повторување на третманот.

Во почетокот ефектите можат да бидат индивидуални: пропратени со чешање, лупење, црвенило… но тоа е само процес со кој кожата се чисти.

Ако еднаш седмично на овесните снегулки им додадете една лажица кафеав шеќер, можете да си направите одличен пилинг на лицето и телото.

За подобар изглед на кожата се препорачува и чистење на цревата со овесни снегулки. Бидете убави!