За оваа торта се вели дека има совршен вкус. Кога првпат ми го даде рецептот мојата пријателка, веднаш ја направив и потоа си исеков едно парче од кое бев цел ден заситена. Толку е вкусна што нема да може да и одолеете и веднаш ќе ја изедете.




Добив многу пофалби за овој рецепт, а дел од коментарите звучеа вака: ,,Ова е најбрзата торта што некогаш сум ја направила. Веднаш ќе ја направам.” A исто ми рекоа и ова: ,,По цел ден сум на работа, кога ќе дојдам дома немам време да им правам десерти. Оваа торта е совршена за мрзливци и тие што немаат време.”




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап со пречник од 20 см): 3 јајца, 80 г шеќер, 80 г брашно, 20 г какао прав, 50 мл млеко, 30 мл масло, прстофат сол, 1 голема лажица прашок за печиво. ЗА КРЕМ: 400 г крем сирење, 150 мл неутрална павлака 33% мм, 1 голема лажица ванилин шеќер, 25 г шеќер во прав.




ЗА СЛОЈОТ ОД КАРАМЕЛ, наместо да го правите овој цел слој може да користите кондензирано млеко, но сепак ако сте одлучни за карамел ова се состојките: 150 мл неутрална павлака, 150 г шеќер, 50 г путер, прстофат сол и кикирики 100 г.




ЗА ГЛАЗУРА: 130 г чоколадо, 50 мл неутрална павлака, 40 г кикирики. ПОСТАПКА: Прво направете го најдолниот бисквитен слој: скршете ги јајцата во еден сад и додајте го шеќерот. Започнете да матите со миксер додека шеќерот почне да се растопува и смесата се зголеми во волумен.




Потоа додајте го маслото додека непрекинато матите со миксерот. Направете фина, еднолична и течна смеса. Тргнете го садот настрана. Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печиво, па просеани низ сито додајте ги во течната смеса и добро измешајте со шпатула до соединување на правот.




Вака подготвената смеса се става во кружен калап со хартија за печење и добро се измазнува. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.

ПОДГОТОВКА НА КАРАМЕЛОТ: Ставете го шеќерот во тенџере на рингла на ниска температура да се стопи. Кога ќе се добие течен кафеав шербет додајте ја неутралната павлака и гответе додека смесата стане хомогена со постојано мешање.




Тргнете од рингла и додајте го путерот и мешајте додека да се растопи во смесата. Додајте и прстофат сол. Во меѓувреме, печената кора оставете добро да се излади и превртете ја на дрвена даска или голема чинија и од неа извадете ја хартијата за печење. Кикириките за карамелот исечкајте ги на ситни парчиња.




ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Измешајте ја неутралната павлака, крем сирењето, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав со миксер додека да се добие мазна изедначена смеса. Печената кора поделете ја на три еднакви делови, надолжно пресечени.




Првата кора ставете ја во чинија и одозгора калапот со флексибилен обрач, па премачкајте со еден слој од белиот крем. Добро измазнете, па додајте малку од карамелот и наросете со кикириките. Одозгора ставете уште еден слој од белиот крем врз кикириките. Потоа доаѓа втората кора и истата постапка од кремови.




На крајот се става третата кораи и се става во фрижидер 1-2 часа да се стегне. Неколку минути пред да ја извадите тортата од фрижидер направете ја чоколадната глазура и прелијте ја врз тортата со тоа што ќе го извадите обрачот. Повторно ставете ја тортата во фрижидер уште 15-20 минути за да се стегне чоколадото. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.