Салатата број 1 во етно рестораните – печени пиперки со лук и сирење, кремаста и неодолива. Ако сте љубители на кремастите оброк-салати, ова е идеален рецепт за вас. Постапката за приготвување е толку едноставна, што поедноставна не може да биде, а салатата е вистинки деликатес.
Со оваа салата можете да појадувате, ручате или вечерате. Затоа, ако досега ниеднаш не сте ја пробале, не го пропуштајте овој рецепт, бидејќи ќе бидете воодушевени. Потребни состојки: 10 пиперки печени и исчистени, 2 печени лути пиперчиња, 4-5 чешниња лук, 600 г сирење и 50 мл масло.
ПОСТАПКА: Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки (прво измијте ги со ладна вода, избришете ги, испечете ги, па оставете ги да се изладат во најлонска кеса. Потоа излупете ги и отстранете ги петелките и семето).
Излупените и исчистени пиперки исечете ги, но не премногу ситно, за да се почувствуваат во салатата. Ставете ги во еден сад. Во зависност од соленоста на сирењето, додајте сол по вкус и малку масло, па додајте го и ситно исечканиот лук или уште подобро ако го иcтолчите.
Во смесата додајте издробено/ситно сирење. Доколку сирењето не е доволно масно, додајте уште малку масло за да може убаво да се измеша „Тpљаницата”. Потоа измешајте ги убаво состојките, можете и со виљушка, но најдобро е да ја измешате со рака.
Оваа салата најмногу е позната на Балканот, особено во местата од јужна Србија, а се послужува во некои елитни етно ресторани. Уживајте во вкусот, а постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.