Фото и рецепт: Светлана Мојановска

Посни сарми

Потребни состојки за едно тенџере:

1 кг ориз

Масло, зачини

Кисела зелка

Постапка:

Листовите од кисела зелка се двојат и сечкаат на помали парчиња, спремни за виткање.

Во еден кг ориз се става вегета, црн пипер мелен, црвен пипер за запршка и масло малку повеќе, но да не е течно. Се соли по вкус, па се запржува.

На мало ливче од зелката се става малку запржен ориз и се витка, исто како големи за мрсна сарма, само што овие се виткаат помали.

Откако ќе се нареди еден ред во тенџерето(на дното може да наредите прво еден слој листови, па потоа сармите), се потура со масло и црвен пипер, па се реди уште еден ред горе, па повторно пипер и масло.

Се полеваат со вода и се готват подолго време на тивко, околу два часа, а потоа се потпекуваат во рерна.