Расолницата од кисела зелка е добар лек за дијабетичари, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и го подобрува варењето.
Корисно е секојдневно да се пие по половина чаша чиста расолница.
Поради солта, оние што имаат висок притисок треба да бидат внимателни.
Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум.
Добар е за:
-настинка
-за зајакнување на цревната флора,
-за артериосклероза и за висок крвен притисок,
-за лекување на астма,
-реума,
-чир на желудник,
а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.
Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12.
Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин С, содржи антиоксиданс кој ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.
Зачините може да ги изберете според ваш вкус – зрна пипер, ким, лаворов лист. Важно е листовите зелка да бидат неоштетени, тврди и со што помалку црни делови.
Расолот од зелка може да го пиете или да го користете за разни супи или варива.
Киселата зелка може да служи и како додаток на разни месни јадења или наједноставно да е послужена како салата.
Исто така многу е лековит следниот коктел од три состојки:
1/3 чаша расол
1/3 чаша сок од домати
1/3 чаша сок од моркови
Состојките измешајте ги. Пијте по една чаша секој ден, на гладно.