Во овој модерен свет кога сите се тркаат со времето, ретко кој стасува навечер, пред спиење да ги измие садовите кои се натрупале во умивалникот. Но, следниот ден не само што потешко се мијат, туку од остатоците на храната започнуваат да се развиваат бактерии, кои многу лесно може само да се расејат, без да се елимираат доколку ги миеме на рака со студена вода.

Затоа, старите домаќинки секогаш ги миеле садовите и не ги оставале за следниот ден. Можеби не знаеле за бактериите, но, верувале во нешто друго…

Исцелителката К.Р. предупредува како да се заштитиме, бидејќи според народните верувања, можеби сме во опасност доколку не ги миеме садовите редовно.

Садовите навечер не ги оставајте неиспрани!

Измијте ги убаво, избришете ги и наредете ги во плакари. Инаку, тука цела ноќ ќе играат зли духови, а вие и вашето семејство, следниот ден ќе јадете од валкани садови иако нечистотијата со очи нема да ја видите. Може да следат и разни привидувања, психичка нервоза, неслога и слично.

Нека не ве мрзи, па наместо до доцна да гледате телевизија, мијте ги садовите и куќата секогаш одржувајте ја чиста – советува К.Р.

Како да се ослободиме од уроци?

Трипати земете сол со рака, свртете околу глава и замолете го Бог да ги исфрли уроците преку девет гори и планини, а потоа солта под вода ставете ја и изречете: „како што се топи оваа сол, така да се топи и урокот од … (името на особата од која го симнувате урокот).