Потребни состојки:
350-400 г брашно
10 г свеж квасец
500 мл млеко +-
125 г путер
1 жолчка
За премачкување и поросување:
1 белка, кристал шеќер
Постапка:
Разматете го квасецот во шолја топло млеко, додадете 1 лажиче шеќер и брашно. Поклопете и оставете на топло место да се удвои.
Пенесто изматете го путерот со жолчката, додадете брашно и приготвениот квасец, па замесете тесто. Ако е потребно, додадете уште брашно.
Тестото покријте го и оставете во фрижидер да одмори преку ноќ. Следниот ден искујате кора со дебелина од 0,5 см, па сечете ленти. Премачкајте ја целата површина со изматена белка и наросете шеќер кристал. Стапчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Можете и некое стапчи да го усучите или да го свиткате како полжав, по желба.
Печете на 180 степени околу 20-тина минути.
Уживанција!