Нострадамус бил астролог, лекар и алхемичар, но во целиот свет станал познат благодарение на своите пророштва. Неговите предвидувања се оствариле, а се остваруваат и ден-денешен, со исклучителна прецизност.

Нострадамус своите пророштва ги пишувал во метафори, но велат дека прорекувањето на судбината според ОВОЈ КРУГ, исто така тој го смислил, иако за тоа нема докази. Меѓутоа, овој метод е едноставен и изненадувачки прецизен!

Затворете ги очите, сконцентрирајте се на прашањето кое во моментов ве интересира, па со прстот погодете на некое место во кругот. Отворете ги очите и видете во кој број сте погодиле. Погодениот број е одговор на вашето прашање.

ОДГОВОРИТЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ТЕКСТОТ

1.ДА. Вие припаѓате на оние луѓе кои не ја губат присебноста и не потклекнуваат со духот, дури и во најтешки ситуации. Затоа, не дигајте раце од решението за својот проблем, бидејќи на лагер имате издржливост и трпение. Ве чека успех. Имајте доверба во себеси и во другите.

2.ДА. Но не денес, и не утре. Некој стои на вашиот пат и се обидува да ве збуни. Не сфаќајте го тоа премногу сериозно. Но, ниту не го потценувајте тој отпор. Одбегнувајте конфликт. Обидете се да пронајдете позитивно решение на својот проблем.

3.ДА. Она што ќе се случува следниве денови ќе ги надмине вашите очекувања. Ако започнете паметно да ја користите својата резервна енергија, а да не ја трошите на неважни работи, предноста ќе биде на вашата страна. Во секој случај, имајте трпение и издржливост, како во однос на себе, така и кон другите.

4.ДА. Во овој момент, како што се чини, среќата ви се насмевнува. Затоа, нема ни една причина за сомнеж во позитивен исход. Среќата уште долго ќе ве следи. Уживајте во овие среќни недели…

5.ТОЧНО. Во овој миг, обраќате премногу внимание на она што другите го мислат за вас, па затоа пропуштате некоја добра пригода. Не чекајте предолго, дајте им до знаење на другите дека мора да ве почитуваат вас и вашето мислење. Малите тактички игри само доведуваат до заблуда и му штетат на заемната доверба.

6.Ќе оди малку потешко отколку што очекувавте. Тргате од лоши претпоставки. Другите тоа го гледаат во сосема поинакво светло. Затоа крајно неопходно е да го послушате добриот совет на ваша блиска пријателка и да не им подлегнувате на лажните надежи.

7.Прашањето за сега не е решиво. Дајте си себеси време и не си ја полнете главата со се’ уште несозреани проблеми. Обидете се да уживате во моментот. Подоцна се’ ќе се реши. Ако многу сте загрижени, повторно прашајте го магичниот круг после една седмица.

8.Внимателно. Не верувајте на се’ што ќе ви кажат. Обидете се да стоите на одредена дистанца за некои работи. Денес се’ околу вас изгледа поволно и доверливо, а не е. Бидете внимателни и внимавајте подоцна да не се разочарате.

9.Нема сомнеж. Но, ќе ви биде потребна помош. Поразговарајте со добар пријател за проблемите кои ве мачат, бидејќи тој ќе биде објективен и потрезвено ќе гледа на работите.

10.ДА. Но не дозволувајте да ве доведат во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност, па тогаш ќе биде се’ во совршен ред. Во овој момент, можете целосно да се потпрете на својата интуиција. Подоцна нема да доживеете ни најмало разочарување.

11.Прашањето е поставено прерано. Оставете го сега за сега на страна, не е уште созреано. Бидете малку попустливи и ќе ве ценат поради тоа…

12.Многу е можно. Се’ напредува многу побрзо и попозитивно отколку што се замислувале. Важно е да не се обидувате да оставите впечаток на незаинтересирана особа. Обратете внимание: некој искрено се обидува да ви стане пријател.

13.Се’ ќе се случи онака како што е планирано. Вие делувате неодлучно. Тоа ги збунува вашите пријатели. Ве сметаат за непредвидлива особа, а тоа не оди во ваша корист. Уништете ја оваа слика. Ве сакаат повеќе отколку што мислите.

14.Се’ ќе биде добро. Но само во случај ако сами преземете иницијатива и нешто преземете. Дозволено е се’, но не и одложување. Земете ги работите во свои раце и изненадете со својата ефикасност и богатство од идеи.

15.ДА, можете да се потпрете на својата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега не мора ништо да измислувате, туку само да исчекувате. Брзоплета активност може да ве однесе во погрешен правец и може да ви наштети.

16.Сите надежи ќе ви бидат исполнети. Но, ќе биде апсолутно поинаку од она што сте си го замислувале. Затоа бидете подготвени за било какви промени и не се фокусирајте само на една поставен цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ниеден аргумент.

17.Прашањето и натаму е отворено. Потребно е внимателно да размислите за своите желби, бидејќи вашите чувства се’ уште не се созреани до крај. Според тоа, премногу очекувате од другата страна. Во следните денови се’ останува без промена.

Меѓутоа, една среќна околност може да ги направи работите појасни за решавање на вашиот проблем. Внимателно слушајте го својот внатрешен глас.

18.Кај вас може да се појават потешкотии. Од почеток дури ќе бидете и разочарани, но тоа не значи дека вашите шанси се еднакви на нула. Сосем спротивно: разочарувањето ќе ве поттикне кон позитивен развој. Вашиот круг на пријатели расте, станува подобар и постабилен.

19.Недовербата и лутењето се се’ уште далеку од вас. Но, ако набрзо не се ослободите од сопствениот сомнеж, може многу да си наштетите. Ако среќата ве заобиколува, виновник може да биде вашата претерана скромност и несигурност. Отфрлете ги на страна! Бидете отворени и дружељубиви со другите луѓе.

20.ДА. Во овој момент, среќата е на ваша страна. Според тоа, нема ниту една причина да се сомневате во поволниот исход. Уште долго ќе уживате во среќниот период.

21.Да. За конечно постигнување на целта останува да вложите уште само малку труд. Бидете смели, ризикувајте и сигурно ќе успеете. Бидете внимателни кон се’ што се случува околу вас и имајте на ум – случајности не постојат. На овој свет ништо не е случајно.