Фото и рецепт: Liza Alex

Потребни состојки:

1 кг брашно

1 квасец (претходно активиран)

3 јајца

1 мала кафена шолја масло

1 лажичка сол

1 шолја јогурт или кисело млеко

1 шолја млеко

вода по потреба

Постапка:

Во 1 кг брашно се става еден стасан квасец, 3 јајца, 1 мала кафена чаша масло, 1 лажичка сол, 1 чаша јогурт или кисело млеко, 1 чаша млеко и вода по потреба за да се замеси убаво тестото.

Тестото се дели на 18 топчиња, на 3 места по 6 топчиња.

Од сите шест се прават кори, големи колку чинии.

На пет кори се става путер или маргарин, убаво да се премачкаат, а на шестата не. Се редат една врз друга и се прави голема кора.

Се сече на тријаголници, се прават кроасанките, по желба големината може да биде голема, средна, најмала (како што се овие).

Истата постапка се прави и со другите.

Се премачкуваат со жолчка, по желба се наросуваат со сусам. Врз нив се става путер/маргарин, стојат во плех два часа, а пота се печат.