Свекрвино око: за појадок или предјадење – изненадете ги вашите свекрви

Фото и рецепт: Гаврилов Ѓорѓиева Билјана

Потребни состојки:

-домати

-сирење или урда

-пиперки или печурки

Loading...

-јајца

-магдонос, лук, масло

Постапка:

Шест домати (може и 12, 14, 15… 😀 ) се длабат од срцевината.

Срцевината се цеди, па се истура во сад.

Се посипува малку масло врз срцевината од доматите.

Доматите се полнат до средина со сирење или урда, остатокот се дополнува со исечкани пиперки, или печурки.

Во садот врз срцевината од доматот се додава магданос и лук, а веднаш потоа врз таа смеса се редат полнетите домати.

Во секој домат се капнува 1-2 капки зејтин, (не ни мора), па се ставаат јајцата, за да се затворат отворите на доматите.

Јас сол не ставам , бидејќи доволно е солено од сирењето.

Се пече во загреана рерна на 250 степени, а потоа се намалува се додека јајцето не се испече.

Кога жолчката и белката ќе бидат испечени, тогаш е готово.

СВЕКРВИНО ОКО е предјадење, но може да биде и појадок па и ручек 🙂  Зависи од апетитот … Изненадете ги вашите свекрви…:)

Loading...