Ако ја сакате прочуената Шварцвалд торта, тогаш и оваа торта со вишни која не се пече ќе ве воодушеви уште со првиот залак. Кога станува збор за колачи или торти, оние кои не се печат и одземаат време секогаш се нашиот прв избор.




Оваа богата торта е дури и подобра од шварцвалд, ќе ве воодушеви со вкусот, но и од брзината за подготовка која не трае повеќе од 15 минути. Преку кексите се излева ванилин крем и чоколаден крем, а помеѓу се редат вишните. Сето тоа на крај се прелива со чоколадна глазура и се остава во фрижидер на ладење. Толку е добра што слободно можете да ја послужите и за некој празник.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г какао кекси, 200 мл млеко. ЗА ФИЛ: 120 г шлаг со вкус на ванила, 1,5 литар млеко, 100 г нутела, 200 г вишни од компот. ЗА ГЛАЗУРА: 50 г путер, 50 г шеќер, 100 мл млеко, 50 г какао. Се користи калап со флексибилен обрач и димензии 24х24 см




ПОСТАПКА: Кексите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во тепсија, да се покрие целото дно. Шлагот со вкус на ванила изматете го со млекото (1,5 литар), додека да добиете густ крем. Смесата поделете ја на три дела, а во едниот додајте ја нутелата и промешајте да се изедначи.




Треба да добиете две бели и една кафеава смеса. Преку кексите наредете вишни, па преку нив распоредете го едниот бел фил и израмнете. Врз овој слој наредете повторно бисквити кратко натопувани во млеко.




Врз вториот ред кекси рамномерно распоредете го кафеавиот крем, израмнете, па наредете трет ред кекси, кратко натопувани во млеко. врз кексите наредете вишни, а врз вишните вториот бел крем. Распоредете и израмнете.




Врз белиот крем завршете со последниот, четврти ред бисквити, исто така, кратко натопувани во млеко. Вака приготвената торта за кратко ставете ја во фрижидер, додека ја приготите чоколадната глазура. Во едно мало тенџере ставете ги сите состојки (по 50 г путер, шеќер и какао и 100 г млеко).




Загревајте на умерена температура и мешајте додека сите состојки да се растопат и соединат во сјајна глазура. Прелијте преку колачот, па тортата оставете ја во фрижидер да се олади најмалку два часа. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.