ПЕЧЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА: вкусна и богато полнета, однадвор крцкава со најубавиот лешник фил. Ваква торта досега немам јадено, омилена ми стана после првото парче која ја пробав на гости кај една пријателка.
Веднаш и го побарав рецептот и штом дојдов дома ја направив и домашните беа воодушевени од неа. Само се мешаат состојките, а најтешкиот дел е додека се чека да се излади во фрижидер.
Потребни состојки за карамел: 200 г шеќер, 300 мл топла неутрална хопла, 80 г путер, прстофат сол. За карамелата може да направите и половина смеса.
За тестото: 110 г путер, 150 г шеќер, 2 јајца, 180 мл хопла, 180 г меко брашно, 30 г какао, 8 г прашок за печиво. И за глазура ќе ви биде потребно уште: 100 г чоколадо и неколку лешници или други јаткасти плодови.
Постапка: За подготовка на карамелот во еден сад ставете го шеќерот на рингла со умерена темоература и почекајте да се карамелизира. Со повремено мешање гответе го додека да стане течен.
Кога шеќерот ќе кристализира додајте ја топлата хопла и мешајте додека да зоврие. Потоа додајте го путерот и прстофат сол, почекајте да се растопи, гответе уште неколку минути, па тргнете го карамелот настрана додека го подготвувате тестото.
Подготовка на тестото: Во еден сад изматете го пенасто путерот со миксер. Кога ќе стане како шлаг постепено почнете да го додавате шеќерот додека уште матите со миксерот. Кога шеќерот ќе се растопи додајте ги јајцата и соединете ги во смесата.
На крајот се додаваат брашното, хоплата, какаото и прашокот за печиво. Целата смеса се соединува со миксер додека убаво да се соединат состојките и смесата да биде со слична конзистентност како онаа за палачинки или малку погуста.
Смесата се излева во правоаголен мал калап за печење со кујнски шприц (или како ви е полесно) и рамномерно се распоредува. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Потоа се остава малку да се излади.
Колачот се вади од калапот и се става на решетка. Се прелива одозгора со карамелот, а во меѓувреме се прави глазурата од растопено чоколадо и ситно сечкани лешници. Може да користите и други јаткасти плодови. Тортата се премачкува со глазура и се става во фрижидер 1 час да се стегне. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.