Орхидеите имаат прекрасен цвет и поради тоа се омилено цвеќе ширум светот. Меѓутоа, љубителите на цвеќе честопати имаат потешкотии кога станува збор за нивното одгледување, особено со нивното цветање. Имено, откако ќе процвета орхидејата купена од цвеќарница, таа престанува повторно да цвета.




Меѓутоа, со овој корисен совет кој го добивме од специјализирана одгледувачница на орхидеи, вашите миленици повторно бујно ќе расцветаат, но и ќе им се зацврстат и корењата. Ќе ви откриеме еден рецепт кој е одличен за орхидеите, но исто така, подеднакво е делотворен и за другите цвеќиња.




Кога одгледувате орхидеи во домашни услови, мора повремено да ги прихранувате за да им ги обезбедите потребните минерали неопходни за раст и развој. Постојат многу причини зошто орхидеите донесени од цвеќарница набрзо венеат и веќе не цветаат, но сите проблеми ќе ги решите со овој едноставен рецепт.




РЕЦЕПТ 1. Во сува тава ставете една чаша ориз, па вклучете го огнот на умерена температура. Истостирајте го оризот со постојано мешање додека малку да ја промени бојата кон жолтеникаво, што се случува за приближно 3 минути.




Истостираниот ориз оставете го убаво да олади, за да може полесно да се сомеле. Употребете помоќен блендер или каква имате мелница за да го сомелете оризот. Потребно е да добиете прав, како брашно. Оризот ги содржи сите неопходни минерали кои и се потребни на орхидејата: калиум, магнезиум, калциум и фосфор.




Мелениот ориз складирајте го во некоја тегличка, па можете да го користите со месеци. Овој ориз всушност е едно од најдобрите природни ѓубрива кое го сакаат сите цвеќиња. Доволна е една лажица месечно за тие да бидат здрави и да бујат со прекрасни цветови. Еве како се користи:




Во еден сад ставете една лажица од мелениот ориз и попарете го со врела вода, околу 200-300 мл. Количината на ориз може да ја зголемите во зависност од тоа колку цвеќиња сакате да поѓубрите. Секако, сите потребни материи од оризот ќе преминат во водата. Промешајте и почекајте целосно да се олади.




Истата постапка можете да ја направите и со ладна вода, меѓутоа потребен е подолг период и енергично мешање за да се екстрахираат минералите во водата. Постапката е побрза и полесна со врела вода. Откако ќе се олади целосно водата, ќе забележите дека оризот е наталожен на дното.




Од избистрената течност црпнете по 5 супени лажици за секоја саксија. За вазна потребни се 8 супени лажици. Оваа постапка може да се повтори најбрзо после 15 дена, а иделано е еднаш месечно. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.