Меласа е темнокафеава густа течност што се добива како остаток при производството на шеќер и се користи како суровина за добивање на шпиритус и квасец. Тоа е природен засладувач и често се користи за правење на слатки. Но, оваа чудесна течност може да придонесе за нега на косата, бидејќи го спречува побелувањето и опаѓањето на косата.
Оваа намирница е богата со минерали, како магнезиум, железо и калциум, а според експертите, маската за коса е одличен третман за убавина, а жените ја користат со векови.
Не постојат многу научни докази за својствата на меласа врз косата, но од искуствата на жените може да се заклучи дека на многумина им помогнало. Познавачите велат дека најдобар ефект има ако се користи како јадење, но и како маска. Внесувањето на меласата по пат на храна го поттикнува растот на косата поради нејзината комбинација на хранливи материи: поради железото добра е против анемија, а антиоксидантите кои ги содржи спречуваат предвремено појавување на бели влакна.
Меласата за надворешна употреба ја исхранува косата и ја коригира на природен начин поради својата текстура, па бројни жени ја користат како замена за регенератор. Нејзиниот ефект на влакното прави косата да биде свиленкаста и мазна, а освен што спречува појава на бели влакна, таа може да ги прикрие веќе постоечките поради својата темна боја.
Експертите истакнуваат дека меласата никако не треба како таква да ја ставате на коса, бидејќи е леплива и тешко се отстранува, со што би се постигнал контра ефект. Меласата мора да се искомбинира со други намирници во маски, а најмногу се препорачува во комбинација со јогурт, бидејќи овој млечен производ содржи аминокиселини, добри бактерии, цинк и млечни киселини.
Ви го предлагаме рецептот за маска која ја храни косата, спречува опаѓање, делотворен лек против ретка коса, ја коригира косата и и’ дава фантастичен изглед!
Потребни состојки:
50 мл јогурт
2 лажици органска меласа
1 лажица јаболкова киселина
2 капки есенцијално масло од рузмарин
Постапка:
Измешајте го јогуртот, меласата и јаболковата киселина додека да добиете изедначена смеса, па додадете неколку капки есенцијално масло. Измасирајте ја маската на темето од главата и краевите, а потоа на главата ставете капа за туширање или пластична кеса, па оставете маската да делува околу 15 минути. Потоа исперете ја косата со шампон.