Има ли поубаво од домашен МАЗНИК?

Фото и рецепт: Гордана Пецаковска

Потребни состојки:

2 кг брашно

Млака вода по потреба

3 мали лажички сол

1 мало лажиче шеќер

8 лажици масло

На врв од ножот квасец

Постапка:

Се замесува тестото и се остава 10 минути да одмори.

Потоа се дели на 12 дела, а секое се сучи со големина колку една чинија. Одозгора се премачкува со масло. Тоа се прави со сите кори кои потоа се оставаат да одморат 20 минути.

Секоја кора се растегнува на чаршав, се попрскува со масло, дробено сирење – за солен мазник, а може и со рендани јаболка и шеќер.

Мазникот одозгора се попрскува со масло и се пече на 200 степени. Кога ќе се испече, додека е врел се попрскува со малку вода и се покрива за да омекне.

Loading...