Верувањето вели дека сè што ќе посакате денес, тоа ќе се оствари. Енергијата на ѕвездите ви помага да започнете лавина од остварување на соништа, а еве како да ја искористите.
Денешниот датум е специфичен, а за нумеролозите е посебен: 21.12.2021: Серијата од три единици и три двојки со себе носи голема среќа. Мудро искористете го денешниот ден и енергијата што тој ја носи.
Нумеролозите велат дека овој ден претставува пресвртница во нашите животи, како и дека е погоден за започнување на некои нови работи или усвојување нови навики. Ако веќе долго време планирате да промените нешто во вашиот живот, денес е идеалниот ден.
Сè во што вложувате труд и енергија денес ќе се исплати и ќе донесе резултати. Обидете се да испуштате само позитивна енергија, заблагодарете се за сè што сте постигнале досега и за она што ви го дал животот, бидејќи само така можете да го започнете патот кон врвот.
Зошто овие бројки се толку моќни и што претставуваат?
Единицата претставува нов почеток и лидерски способности, а двојката е бројот на рамнотежа и хармонија. Кога ќе се спојат, тие даваат моќна низа и силна енергија што поттикнува самореализација.
Силната волја, решителноста, независноста, истрајноста, индивидуалноста и храброста се основните квалитети што му се припишуваат на бројот еден. Во него првенствено го гледаме пионерскиот дух, секој почеток, офанзивата, па не е чудно што оттаму се поистоветува со елементот оган и Јанг енергија.
Со бројот два владее Месечината и претставува симбол на напредок, изразена интуиција и имагинација. Исто така, двојката е симбол на трпение и истрајност, што е неопходно за постигнување на успех.
Во текот на овој ден вежбајте оптимизам и развивајте ја имагинација и не заборавајте дека најголемите чyда се случуваат кога најмалку ги очекуваме! Еве што треба да направите за да ви се исполни желбата:
Одете во некоја просторија од вашиот дом каде ќе бидете во ocама и тишина. Спуштете ги ролетните или завесите, па седнете или легнете во положба која вам ви е најудобна. Затворете ги очите и неколку пати длабоко земете воздyх и полека испyшете го, притоа опyштете ги сите мускули на вашето тело.
На црната позадина зад вашите очи, во вашиот yм започнете да одбројувате од десет до еден, така што најпрво ќе го визуелизирате бројот десет испишан со дебели зелени цифри. Еден и нула, едно до друго треба да ги „видите“, а потоа променете ја бојата по ваша желба. Потоа замислете ја цифрата девет.
Дури откако јасно ќе ја „видите“ цифрата, спуштетe се за една цифра подолу. Кога ќе стигнете до еден, уште еднаш длабоко вдишeте, па пред себе визуелизиpaјте голем екран, како платно од кино, па тука замиcлетете се себеси и исполнyвањето на вашата желба. Замислувајте ги деталите, како дошло до тоа да ви се иcполни желбата, како ви приоѓаат луѓе и ви честитаат на ycпехот и слично.
Исполнувањето на желбата замислете го како на филм. Кога ќе завршите со визyализацијата на жлебата, помолете се искрено од срце, желбата да се исполни со чиста љубов, но притоа, никому да не му се наштети.
Потоа замислете скалила пред вас, па започнете да се качувате и бројте, еден, два, три. Кога ќе стигнете на врвот, на третото скалило, кажете си во себе: „Сè што замислив ќе биде така!“ Ова повторете го трипати, па отворете ги очите. Целата постапка повторете ја неколкупати во текот на денот.