Фото и рецепт: Родна Трпеска
Потребни состојки:
2 јајца
½ чаша од 250 мл шеќер
125 г путер/маргарин
½ чаша гриз
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
2 чаши брашно
Постапка:
Шеќерот и јајцата се матат, па се додава путерот и другите состојки, се месат и се добива тесто.
Од тестото се прават топчиња, со помош на дрвена лажица, со дршката правите дупчиња во средина, ги редите во плех претходно намастен или обложен со хартија и ги печите во рерна. Излегуваат околу 40 топчиња.
Се приготвува шербетот:
3 чаши шеќер
3 ½ чаши вода
Се става на оган да вари од 10 до 15 минути.
Шербетот кога е изладен се полева врз врелите колачиња. Во дупчињата се редат јатки од ореви.
Ова е најубавото шеќерпаре што некогаш сте го пробале!