Никогаш однапред не ги кажувајте своите планови, бидејќи на тој начин ја растурате потребната енергија за остварување на целта. Ова го тврдат духовните учители и духовните водачи .

Еве неколку причинизошто е тоа така.

ПЛАНОВИ

Не му кажувајте никому за она што го планирате се додека не се исполни. Со зборување и раскажување на своите планови вие ја растурате енергијата која е потребна за остварување на целите.

Многумина се увериле дека кога многу зборуваат за она што го планираат, секогаш нешто излегува непредвидено и работите се изјаловуваат. За жал со тоа што си ги кажувате плановите, им давате можност на луѓето кои ви завидуваат и немаат добри намери да ви ги попречат плановите.

ЗА ОДРЕКУВАЊЕТО

Ако сте одбрале да живеете поздраво и помалку стресно и се одрекувате од комфорот на модерниот живот, не го раскажувајте тоа наоколу. Едноставно, ставете се на диета или започнете здраво да се храните, сменете го менито и не раскажувајте многу-многу за тоа. Исто така, ако духовно се просветлувате не раскажувајте го тоа на други луѓе. Духовен мир нема да пронајдете ако вашето одрекување е ориентирано само на физички аспект.

Тоа што сте се одрекле од некои работи во животот не значи дека сте подобри или полоши од другите луѓе. Најважно е некому да помогнете, да си помогнете себеси и во срцето да знаете дека сте добри а не добродетелта да биде претстава за другите луѓе.

ЈУНАШТВО

Некои предизвици се видливи за другите, а некои не се. Мудреците велат дека поедини луѓе довиваат предизвици кои доаѓаат однадвор, а има и такви кои се случуваат внатре во човекот и никој не знае за нив.

Затоа, кога ќе направите нешто храбро со што поскоро би се пофалиле, задржете го сепак тоа за себе. До вас можеби стои човек кој имал многу потешки борби во животот и ги победил, но за тоа не сака да зборува.

СЕМЕЈНИ ПРОБЛЕМИ

Колку помалку зборувате за проблемите во своето семејство, со тоа станувате посилни и постабилни. Не им раскажувајте премногу на вашите пријатели, бидејќи некои работи се решаваат само во рамките на семејството и таму треба да останат. Одбегнувајте да зборувате за својот приватен живот. Никогаш не заборавајте дека постојат поединци кои се радуваат на туѓа несреќа.