Овие теста се толку вкусни што се топат во уста со нивната мекост. Прва препорака од мене е да си ги направите уште денес посебно ако славите некој роденден или имате некоја слава. Дечињата ги обожаваат особено за мини сендвичиња.




Како и да е со ова тесто нема грешка. Покрај тоа не мора да ги јадете празни туку може да си ги полните со слатки или солени намирници и да си ги комбинирате по ваш вкус.




Потребни состојки: 750 г меко пченично брашно (тип 450, 480 или 500) и уште 30 г подоцна за премесување, 500 мл топло млеко, 50 г путер, 10 г сув квасец (1 и пол кесичка) или 30 г свеж квасец (2/3 коцка), 1,5 лажица шеќер и 1 лажица сол.




Постапка: Во подлабок сад ставете го брашното и направете мала вдлабнатина на средина. Во таа вдлабнатина ставете го квасецот, шеќерот и малку од топлото млеко. Млекото треба да биде топло кон млако, не зовриено и се додава малку од вкупната количина колку да се раствори со квасецот. Промешајте малку на средина.




Потоа додајте ја солта во брашното (не во квасецот). Додајте преостанатото топло млеко. Овие состојки накратко промешајте ги за да се соединат, ќе се формира полутесто кое ќе биде лепливо и многу ретко.




Покријте со крпа или нешто друго и оставете да надојде 15 минути на собна температура. После тоа време, размесете го тестото со додавање на брашно по потреба додека стане фино и меко.




Повторно се остава тестото да стаса, но овој пат 20-30 минути исто на собна температура во која што е топло. Потоа тестото се става на набрашнета работна површина и се дели на два еднакви валјаци.




Секој валјак потоа се трипати (подетално може да погледнете во видеото) и ќе добиете помали парчиња. Иако овие помали теста може да ви изгледаат многу мали, не се грижете бидејќи при печење ќе нараснат и ќе бидат таман.




Формирајте мали топчиња од секој дел. Јас од ова тесто добив 48 мали меурчиња. Топчињата се редат во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да надојдат уште половина час. Пред печење премачкајте ги со растопен путер.




Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути во зависност од јачината на рерната додека да заруменат. По печењето повторно премачкајте ги со путер или масло и оставете ги да отстојат под салфетка некое време за да впијат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете на видеото ОВДЕ.