Постојат лекови кои се пренесуваат од генерација на генерација, а кои се поделотворни дури и од конвенционалните лекарства.

Ако сте меѓу оние кои се борат со досадното воспаление на грло и крајници или ангина, постои лек кој го лекува тоа за само четири часа.

Рецепт:

80 г македонски анасон (морач, коморач)
200 мл вода

Постапка:

Анасонот ставете го во вода па на оган да се варе околу 15 минути.

Ќе добиете една густа смеса која многу потсетува на кафе.

Процедете па додадете уште 50 мл вода, па варете додека да зоврие.

Тргнете од оган и додадете една лажица ракија.

Употреба:

Земајте по една лажица на секои 30 минути. Потоа само на два часа, а болката ќе се повлече, а после 4 часа ќе исчезне.

Во тешки случаи на настинка, може да го испиете овој лек и да го комбинирате со други лекови.

Направете и чај од жалфија (2 кесички на 200 мл вода, посилен) и често правете гаргара.

Исто така, направете мешавина од еднаков однос на мед и куркума во прав, па од добро промешаната и изедначена смеса консумирајте по едно лажиче на половина час или еден час, полека топејќи го во устата.