Постои рецепт за оброк кој се јаде caмо три дена по ред, а кој прави вистинско чyдо за вашиот стомак и надворешно и внатрешно. После три дена пауза, повторете ја постапката и продолжете понатаму по истиот редослед…
Тајната на оваа витаминска салата се состои во тоа што содржи голем број диетални влакна кои ве одржуваат cити, ги чистат цревата од наслаги и сите остатоци од заглавените отпадоци во цревата, па подуеноста на стомакот видно ќе исчезне, желудечните сокови подобро ќе функционираат и ќе ја варат храната, а вие ќе изгледате многу послабо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Зелка (по можност црвена, но може и бела), цвекло, морков, лимонов сок и маслиново масло. Зеленчукот потребно е да биде свеж и по можност органски за да бидете сигурни дека ќе внесете во својот организам природни намирници, полни со витамини и минерали, а не некои ш тетни xeмиски супстанции.
ПОСТАПКА: Изрендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1. Додајте малку зачини по ваша желба (магдонос, целер), па измешајте го зеленчукот, истискајте го низ раце за да се отпуштат соковите, па прелијте ја салатата со сок од еден лимон.
На крај додадете неколку капки маслиново масло и вашиот витамински оброк е готов. Со маслиновото масло не треба да се претерува, бидејќи иако е многу корисно и лековито, сепак, многу е калорично. Доволни се само неколку капки за да го збогатат вкусот и да ја зголемат антиоксидантнатата моќ на оброкот.
Многу е важно во салатата да не додадавате ништо друго, особено не треба да се додава сол. Додајте лимонов сок според вашиот, индивидуален вкус. Исто така, може да додавате некои свежи или суви зачински билки, доколку сакате.
Јадете ја оваа салата секоја вечер најмалку три часа пред спиење, а потоа не треба ништо да јадете. Обидете се овој оброк да биде најдоцна до 7 или 8 часот навечер, а идеално би било да го јадете како последен оброк во 6 часот. После тоа, дозволени се незасладени билни чаеви и вода.
Оваа салата потребно е да ја јадете на ваков начин (наместо вечера) најмалку три дена по ред за да забележите промени. Ако успеете три дена непрекинато да го јадете оброкот наместо вечера во 6 часот, или најдоцна во 7-8 часот навечер, а потоа да не јадете до појадокот следниот ден, ќе бидете висхитени со резултатите.