Поздрав на сите драги пријатели. Пред вас е рецептот за кој сум сигурна дека ќе го приготвувате повторно, дури и кога постот ќе заврши. Оваа пита е сочна и толку многу вкусна, како ниедна друга „проја“. Рецептот е едноставен, сите состојки се марат со чаша. Верувам дека ќе бидете задоволни и дека ќе ви се допадне. Рецепт на Валентина Машковиќ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 поголеми страка праз, 400 мл минерална вода, 100 мл масло, 2 лажици сол, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 чаша бело брашно (чаша од 200 мл), 2 чаши пченкарно брашно, 200 г ајвар, оригано, црн мелен пипер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
ПОСТАПКА: Два големи страка праз добро измијте ги, па ситно исечкајте ги и ставете ги во некој подлабок сад каде што можете да го промешате тестото за питата. Потоа во него додајте 100 мл масло (половина чаша).
Потоа во таа смеса додајте 400 мл газирана вода (две чаши) и две рамни кафени лажички сол. Додајте една кесичка прашок за печиво и промешајте со лажица или шпатула и оставете да отстои 10-тина минути. На овој начин тој ќе омекне, но и течноста ќе добие многу убава арома на која подоцна ќе мириса целата пита.
По изминатото време во омекнатиот праз додајте една чаша бело, пченично брашно, и две чаши пченкарно брашно, па зачинете со малку оригано и црн пипер или додајте некои зачини по сопствен избор и вкус.
Смесата добро промешајте ја со лажица или шпатула, така да не останат грутчиња од брашното. Кога смесата ќе се изедначи, излејте ја во претходно намастен и обложен со хартија за печење, плех или тепсија со средна величина (ако помал калапот, питата ќе биде подебела, а во поголем излегува потенка).
Добро израмнете, а одозгора ставете неколку лажици ајвар по желба и со дршка од некоја лажица можете да ја прошарате. Исто така, во тестото може да ставите и сечкани маслинки или нешто по свој вкус. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
По желба кој сака одозгора може да наросите семки од сончоглед, сусам, ким, ленено семе или нешто друго, но не мора. Во добро загреаната рерна ставете ја питата да се пече околу 30-35 минути. Проверете со чепкалка.
Печената „проја“ оставете ја на страна малку да се подизлади, па извадете ја од калапот и хартијата и сечете ја на парчиња. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.