Многу вкусна, многу мека погача – Фото и рецепт: Родна Трпеска
Потребни состојки: 250 мл млеко, 200 мл јогурт, 1 чашка павлака, 1 квасец, 2 лажици шеќер, 2 лажички сол, 2 јајца, 100 мл масло и брашно по потреба (750 г – 1 кг, во зависност како впива самото брашно)
Постапка: Се замесува средно по мекост тесто и се остава да кисне за да се удвои. Потоа од смесата се прават топчиња со големина по ваша желба. Се редат во тепсијата каде ќе се пече погачата и се оставаат да киснат.
Потоа се мачка со јајце одозгора и се поросува со сусам. Се става и по мало парче путер или маргарин врз топчињата и се става на печење. фото и рецепт: Родна Трпеска