Оригиналниот рецепт за оваа паштета се состои од паткино месо, но може да се замени со какво било друго месо. Го испробавме со пилешко и навистина се добива еден одличен вкус, па секој побара уште едно парче. Рецептот е доста едноставен и богат со зеленчук. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: патка/кокошка сосе коски околу 2-2,5 кг, 4 моркови, 4 корен од магдонос, 4 главици кромид, 2 јајца, сол, црн пипер, мајоран. ЗА ПРЕЛИВ: 250 г маскарпоне и 250 г младо сирење/урда, 1 топче моцарела, 2 главици кромид, 2 белки. И уште: семки од сончоглед, свинска маст или путер за премачкување на плехот 25х35 см со голема висина (длабок) 12х26 см
ПОСТАПКА: Измијте ја патката/месото, исечете ја на помали делови па ставете ја во голем лонец заедно со зеленчукот и варете ја во посолена вода сè додека да омекне. Времетраењето на готвењето зависи од самото месо.
Но, кога навистина убаво сварено, тоа треба да се одвојува од коските. Кога ќе се свари месото и ќе се излади, исчистете го од коските, па заедно со морковите, магдоносот и кромидот изблендирајте ги или рачно сомелете ги во машина.
Во оваа мешавина додајте ги јајцата и зачинете го по вкус. Добро измесете со раце за да се соединат сите состојки. Плехот убаво намастете го со свинска маст или со путер. Убаво опфатете ги со средно дебел слој, дното и ѕидовите.
Потоа рамномерно распоредете ја смесата во подготвениот плех, натапкајте ја добро и израмнете ја површината. Во посебен сад пригответе го преливот:
Кромидот ситно исечкјате го на коцки и пропржете го колку да се карамелизира. Оставете да се олади. Во посебен сад измешајте ги маскарпонето и младото сирење, додајте ја моцарелата и соединете.
На страна изматете две белки додека да добиете снег, па додајте ги во мешавината заедно со испржениот кромид и промешајте додека да се изедначи. Посолете и зачинете по вкус.
Добиениот прели рамномерно распоредете го врз подготвената смеса од месо, а одозгора обилно наросете семки од сончоглед. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу еден час.
Кога ќе се испече оставете ја на страна да се олади, најпрво на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер преку цела ноќ. Рецепт на вкусниот блог ОВДЕ.