Фото и рецепт: Анета Стојческа Каранфиловска

Потребни состојки:

700 г брашно

1 квасец

1 лажиче сол

1 лажиче шеќер

50 мл масло

Постапка:

Се замесува со млака вода а тестото веднаш се дели на 16 топчиња кои се сушат со големина на тацна. Секое се премачкува со путер/маргарин, се редат на две места по 8. Се оставаат во фрижидер 15-20 минути.

Се сучи кора, се реди фил по желба, па се сучи втората кора и се става најодозгора. Се остава да кисне, па пред печење се потура со 50 мл масло и 50 г путер растопен. Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени.