Потребни состојки:

1 лажица густин

5 лажици свежо исцеден сок од морков

1 лажица павлака

Подготовка:

Во малку вода растворете го густинот. Ставете го во сад со 400 мл врела вода. На тивок оган мешајте додека да се згусне смесата.

Во изладената смеса додајте го сокот од морков и павлаката. Добро промешајте, нанесете ја маската на чисто лице, па оставете да делува околу половина час.

Маската измијте ја со млака вода, па нанесете хидрантен, хранлив крем.

Останата количина можете да ја чувате во фрижидер.

За најдобар ефект, маската треба да се нанесува три дена по ред, а кожата ќе се затегне и ситните брчки ќе исчезнат.