Во народните верувања задолжително постои носењето на облека, најчесто гаќи, превртени наопачки. Повеќето ова го прават за да доживеат некое пријатно изненадување, а некои против уроци. Но, постојат уште неколку верувања за кои можеби не сте знаеле…

НОСЕЊЕ ОБЛЕКА НАОПАЧКИ

Доколку облечете нешто наопачки и тоа го направите случајно (намерно се облекува против уроци), тој ден нешто ќе се радувате. Кога некој ќе ви напомене дека погрешно сте облекле некое парче облека, вие само насмејте се и никако не се соблекувајте за да ја исправите грешката. Тој ден ќе ве прати среќа и ќе бидете пријатно изненадени, според старото верување.

КОПЧЕ НА ОБЛЕКА

Доколку имате непарен број копчиња на облеката, тоа би требало да ви донесе посебна среќа. Интересно е што давањето и примањето на копчиња е симбол на пријателство. Кај народот постои верување дека ако пронајдете изгубено копче, треба да го чувате во џеб, бидејќи ќе ви носи среќа.

НОСЕЊЕ ОБЛЕКА СО ТУФНИ

Се смета дека носењето облека со туфни привлекува богатство. Крукчињата симболизираат парички кои ќе се најдат на вашата сметка доколку носите ваква облека.

НОСЕЊЕ СИНА ОБЛЕКА

Во некои делови од светот се смета дека сината боја е магнет за успех. Бидејќи небото има сина боја, носењето на истата боја симболизира конектирање со со небото кое пак е симбол на вечноста и бесконечните можности. Познато е дека невестата на денот на венчавката треба да носи нешто сино.

ВРВКИ НА ЧЕВЛИТЕ

Доколку врвките тој ден постојано ви се одврзуваат, според народното верување тоа значи дека ќе добиете добри вести. Ако чевлите ги ставате на кревет или маса, тоа значи привлекување на кавга и лоша среќа. Имено, доколку добиете за подарок чевли од партнерот, тоа значи дека сака да си заминете од врската. Еднаш во животот треба некому да му подарите чевли, бидејќи ако не го направите тоа, во следниот живот ќе одите боси – велат народните верувања.