Home Останато Убавина и нега Еве зошто мора да го отворите прозорот кога го вадите лакот од...

Еве зошто мора да го отворите прозорот кога го вадите лакот од ноктите

Опасниот растворорувач може да ги иритира очите, да ги замати рожниците, да предизвика вртоглавица и мачнина. Од етил – ацетатот се кашла, а од метилетилкетонот се врти во глава и заспива.

Производите за отстранување на лактот од нокти по правило се смеса растворувачи чија задача е да го раствори лактот во вид на филм кој се состои од нитроцелулоза, разни смоласти состојки, пластификатори, бои…

Ацетоните освен стариот лак, ги отстранува и маснотиите од ноктите што доведува до нивно исушување.

Како последица на тоа може да дојде до раслојување на ноктите и нивно пукање и кршење.

Меѓу најчестите отстранувачи на лак за нокти спаѓа ацетонот, препознатлив по силниот и карактеристичен мирис кој се користи во производството на лакови за нокти и е нивни составен дел. Поради интензивниот мирис речиси е заменет со етил-ацетатот, исто така добар растворувач, кој го има на пример во вината, а настанува со спојување на алкохолот и оцетот од виното.