Здраво на сите, се надевам сите сте добро. Денес сакам да споделам еден многу интересен рецепт. Откако го научив овој рецепт од баба ми, започнав редовно да го правам. Нема квасец и не треба да се чека тестото да стасува.




Секој ден го приготвувам со различен фил: со сирење или урда, со рендани компири, со праз, со печурки, со шунка, со топено сирење, со спанаќ, со млад кромид…а овојпат го приготвив со рендани моркови.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г брашно, 1 лажичка сол, 90 мл млеко, 15 мл маслиново масло. ЗА ФИЛ: 200 г моркови, 1 лажичка сол, 90 мл вода, 200 г чедар кашкавал или некој по ваш вкус. Филот можете да го приготвите и по ваш вкус.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го брашното и додајте ја солта. промешајте и напшравете вдлабнување во средината. Тука истурете го млекото. Промешајте со лажица или шпатула додека да се соедини тестото.




Кога ќе се формира тестото полијте го одозгора со маслиново масло и замесете со рака. Месете неколку минути додека да се формира мазно тесто кое не се лепи. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да одмори 10 минути.




За тоа време пригответе го филот. Во овој случај тоа се вкусните моркови: измијте ги, излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во тава, посолете ги и налејте вода.




Поклопете и гответе ги на умерена температура додека да омекнат. Промешувајте повремено. Гответе ги 6-7 минути додека да испари сета течност, а морковите убаво да омекнат, но не и да се претворат во каша. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.




После 10 минути, одмореното тесто може да го развлечете со оклагија. Набрашнете ја работната површина и малку набрашнете го тестото одозгора, па развлечете тенка кора со околу 3-5 мм дебелина, со големина на тавата во која ќе се пече.




Во средината од кората ставете околу 100 г рендан кашкавал, па врз него ставете го морковот и најгоре завршете со кашкавал. Филот распоредете го во средината од кората, на растојани од околу 3-5 см од краевите.




Потоа, со помош на прстите соберете ги краевите на кората правејќи фалти (како карнерчиња) и на тој начин затворете го филот. Притиснете добро да се залепи, наросете со малку брашно и превртете. Со оклагијата внимателно развлечете ја повторно кората со величина на тавата.




Тавата намастете ја и загрејте ја на умерена температура. Приготвената филувана пита ставете ја во тавата и намастете ја со кујнска четка одозгора, па печете ја по неколку минути од двете страни додека убаво да зарумени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.