СЛАВСКА ПОГАЧА: еден од најубавите рецепти досега, кој го барав долго време. Рецепт на Сања од каналот Аурора Рецепти. Многу декоративна, мека и вкусна погача која може да ја правите за украсување на трпезата и да ги израдувате вашите најмили.
„Многу ми бараа да споделам некој рецепт за ваква погача, па се решив за овој бидејќи нема подобар. Го правам секоја есен и зима, по неколку пати кога се ближат празници и слави“, вели Сања.
Потребни состојки: 300 мл млако млеко, 1 лажица шеќер, 10 г сув квасец или 30 г свеж квасец, 4 лажици масло, 1 лажица оцет, 1 цело јајце, 2 белки, 3 лажици кисело млеко или павлака, 100 г путер/маргарин за премачкување, 700 г брашно, сусам.
Постапка: Во подлабок сад ставете го млакото млеко, квасецот и шеќерот. Малку промешајте и почекајте 1-2 минути за квасецот да набабри. Потоа додајте го маслото, 2 лажици брашно, киселото млеко или павлаката и 1 лажица оцет.
Потоа постепено се додава остатокот од брашното, 1 лажичка сол и 1 цело јајце и 2 белки, а жолчките се тргаат настрана за премачкување. Целата смеса се меша со дрвена лажица и постепено се додава брашното за добро да се замеси тестото.
Откога тестото ќе се замеси, потребно е да оставите само еднаш да стаса. Јас потрошив точно 700 г за замесување на тестото и плус уште 1-2 лажици кои ќе ми бидат потребни при месење.
Кога тестото ќе стаса, го ставате повторно на работна површина и нема потреба да го премесувате туку само сечете 6 еднакви делови и уште 1 помал дел за декорација. Тестото се подготвува како и секое друго тесто за погача, а најголемата работа се должи на декорацијата.
Најпрво сите 6 теста ги разлекувате во тенок круг. Секое тесто се премачкува со растопен путер и се реди едно врз друго. Потоа со н ож се прават резови на најгорното тесто, осминки, но не се сече, само си обележувате за понатамошна работа.
Потоа во средина на секоја осминка се прават по две линии, цик-цак кои се сечат до последното, најдолното тесто. На крајот, ќе добиете изглед на ѕвезда. Потоа делот со осминки кој го обележивте на почетокот го сечете до крај, без да го пресечете (стигнете) делот кај ѕвездичката.
Потоа секоја осминка ја вадите малку од делот каде што излегува нанадвор и ја подвиткувате кон внатре (деталите поконкретно можете да ги погледнете во линкот со видеото подолу). На крајот, секој дел од ѕвездичката го превиткувате со врвот кон отворот за да добие изглед на ружичка.
Последното тесто го развлекувате и го виткате во ролат, па го сечете на помали ленти кои ги вметнувате во средината и кон празнините помеѓу осминките.
Погачата се става во кружен плех со хартија за печење, се премачкува со жолчките и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. По желба наросете со сусам или други семки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.