ХИТ САЛАТА: Готова за 10 минути, а вкусот на летото останува и преку зима, без готвење и пастеризација

Летна салата која може да ја јадете и преку зима. Вкусот е феноменален, а постапката е многу едноставна. Ова е рецепт кој ќе го правите цело време. Многу вкусна витаминска салата која ќе ја правите секоја година.




Потребни состојки: 2 домати, 2 моркови, неколку краставици, 5-6 чешниња лук, 2 пиперки, малку сув магдонос, 4 лажици масло, 3 лажици оцет, 1 лажичка шеќер, 1 неполна лажица сол, зовриена вода.




Постапка: Зеленчукот добро измијте го во вода и протријте го со сода бикарбона пред користење. Ситно исечкајте ги чешнињата лук, краставиците, пиперките на ситни коцки. Доматите исечкајте ги исто ситно, но внимавајте да не ги згмечите.




Морковот се лупи и се сечка на поситни коцки. Потоа во чисти стерилизирани тегли, распоредете ги сечканите чешниња лук. Јас целата салата ја собрав во 3 помали тегли. Започнете да ги полните теглите подеднакво со зеленчукот.




Тоа може да го правите мешано или да ставате ред домати, па ред моркови и така со сите зеленчуци. Јас понекогаш правам и мешано, а понекогаш полнам во редови. Потоа зачинувате. Прво ставате неполна лажица сол по вкус, мала лажичка шеќер.




Додавате 4 лажици масло и 3 лажици оцет, ал-кохолен или вински. На крај наросувате со сув магдонос по вкус и преливате постепено со зовриена вода. Водата мора да биде филтрирана, така што може да користите купечка која директно ќе ја додавате во теглите или од чешма, па ја зовривате и преливате.




Врелите тегли опфатете ги со памучна крпа за да не се изгорите и затворете ги добро со соодветниот капак. Релативно брзо се закиселуваат така што може да ги користите после неколку дена. Чувајте во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Шарена витаминска салата со зелени домати, краставички, пиперки, морков и зелка
Фото и рецепт: Јелица Херац – Шарена витаминска салата. Направете си убава, вкусна и декоративна салата од омилениот зеленчук. Вака подготвена таа е крцкава и лесно дигестивна, совршена како прилог за главното јадење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг зелка, 2 кг зелени домати, 2 кг краставици, 3 кг пиперки, 2 кг моркови. ЗА СОЛИЛО: 4 литри вода, 1 литар оцет, 300 г сол, 250 г шеќер

И УШТЕ КОЈ САКА ЗА ПОДОЛГ РОК НА ТРАЕЊЕ: 1 винобран и 1 конзерванс. Дадените количини може да ги менувате според потребите запазувајќи го односот на намирниците. Јас во моментот немав зелени домати, па не ставив, а вие доколку имате, секако ставете, уште повкусно е со нив.




ПОСТАПКА: Од зелката отстранете ги само надворешните листови и отстранете ја нечистотијата и дебелиот корен. Потоа со остар н ож ситно исечкајте ја или на ренде изрендајте ја.

Доматите измијте ги, исцедете ги исечете ги на осминки. Морковите излупете ги и исечете ги на тенки крукчиња или со специјално ренде. Краставичките и пиперките исто така.




Во поголем сад измешајте го целиот зеленчук. Во поголемо тенџере ставете ги сите состојки потребни за солилото и мешајте додека целосно да се растворат шеќерот и солта. Солилото не се вари!




Потоа прелијте го сечканиот зеленчук и оставете да преноќи. Следниот ден полнете ги теглите и затворајте ги. Фото и рецепт: Јелица Херац

Претходна статијаСЛАВСКА ПОГАЧА: еден од најубавите рецепти досега, кој го барав долго време
Следна статијаНАЈУБАВИОТ ПОСЕН КОЛАЧ – Брз, едноставен, во три слоја – кој од кој повкусен