Денес наидовме на еден многу интересен, но и вкусен лек за подигање на имунитетот. Само од неколку состојки добивате слатка есенција која мириса на најубавиот колач. Од што е толку вкусно ќе сакате цела тегличка да изедете.
Овој лек има мека структура и помага да се исфрли густата, наталожена слуз во белите дробови. Исто така ги ублажува иритациите и ја обновува слузокожата. Основното правило при кашлица е да се спречи понатамошна иритација и кашлање, а овој лек го нуди токму тоа.
Но, покрај тоа овој лек помага и при потенцијални кардиоваскуларни болести. Овој сладок лек е одличен извор на енергија поради високата содржина на јаглехидрати. Покрај тоа, претставува природен диуретик богат со растителни влакна кои помагаат во полесна дигестија на храната.
Така што, доколку стра-дате од запек и имате нередовна столица, доволно е да каснете 1 лажичка од овој лек наутро, а лекот веднаш ќе ве „протера“. Овој лек cтимyлиpа подобра циркулација на кр-вта, содржи антиоксиданси кои се бo-paт со слободните радикали и помага во спречување на p aк на дебелото црево.
Покрај тоа, обезбедува деток-сикација на црниот дроб, што е многу важно за осло-бодување од ток-сините. Овој лек е толку многу богат со антиоксиданси бидејќи содржи суво овошје како суво грозје, смокви, сливи кои имаат повеќе нутритивни соединенија од нивната свежа форма.
Потребни состојки: 50 г суви смокви, 50 г сурови бадеми, 50 г суво грозје, 50 г суви сливи, 50 г ореви, 70 г корен од ѓумбир, 2 органски лимони, 400-500 г мед. Може да додадете и 50 г суви кајсии, но јас во моментот немав и затоа не ставив.
Постапка: Сите состојки исечкајте ги ситно и соединете ги во подлабок сад. Јас тоа го направив во машина за мелење мeco бидејќи така ми е полесно. Ги ставив смоквите, бадемите, сувото грозје.
Потоа втора тура, ги сомелев сувите сливи, оревите. Ѓумбирот го излупив и го сомелив и него, а може и ситно да го исечкате. Лимоните прво ги оставив 15 минути да отстојат во вода со сода бикарбона, па ги извадив семките од нив кои даваат горчина.
Лимоновиот сок го исцедив и со сочував настрана. Потоа ја сомелив лимоновата кора и ги соединив сите состојки заедно. Одозгора прелив со лимоновиот сок и додадов мед. Смесата ја измешав добро за се да се соедини и целата куќа замириса прекрасно.
Потоа сè складирав во чисти стаклени теглички. Смесата ја поделив на два еднакви делови, едната тегла ја оставив за мене, а другата одлучив да ја подарам на драга личност. Ова е многу убав подарок, природен лек со сладок вкус, на кој и да му го подарите ќе биде многу благодарен.
Теглите се затвораат со соодветниот капак и се ставаат да отстојат 1-2 дена на ладно и темно место за убаво да се соединат состојките. Потоа смесата може да се чува во фрижидер, но не е неопходно сè додека ја чувате на некое ладно место.
Начин на конcyмирање: 1-2 супени лажици по двапати во денот. Најдобро е лекот да се конcyмира на празен стомак, наутро пред појадок и навечер пред вечера, најмалку половина час. Кога го конcyмирате лекот навечер, внимавајте тоа да не биде многу доцна.
После конcyмирање на лекот испијте 1 чаша вода или млеко. Лекот може да се дава и на деца над 3 години, по 1 мала лажичка, двапати во текот на денот. Не го конcyмирајте лекот во поголема количина бидејќи е доста калоричен и благ. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.