Рецептот за пица на нов, необичен начин, дојде и кај нас. Пицата во облик на корнет послужете ја за појадок, вечера, ужина или за гости.
Потребни состојки:
500 г брашно
150 мл млако млеко
100 мл вода
20 г свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
2 лажици маслиново масло
Потребни состојки за фил:
5-6 лажици кечап
250 г салама или некој друг сувомеснат производ
250 г кашкавал
оригано
Потребни состојки за премачкување:
100 г путер/маргарин
1 јајце
Постапка:
Измешајте квасец, млеко, шеќер и 3 лажици брашно, прекријте со крпа и оставете да се активира. Кога квасецот ќе запени, додадете масло, брашно и сол. Замесете тесто и оставете го прекриено да се удвои.
Потоа премесете го и развлечете во голем круг. Со чаша вадете кругови и на секој намачкајте кечап, ставете изрендан кашкавал и сечкана салама. Едниот крај свиткајте го преку филот, а другиот крај преку тестото. Прилепте малку со прсти. Наредете ги корнетите во тепсија, претходно намастена со путер или обложена со хартија.
Со вилјушка разматете растопен путер, додадете јајце и добро измешајте. Секој „корнет“ премачкајте го.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200-220 степени. Печете околу 25 минути.