Дијабетесот е една од најраспространетите болести во светот. Одржувањето на нормално ниво на шеќерот во крвта е првото важно правило на секој човек кој пати од оваа болест.
Ова се три едноставни, но многу ефикасни рецепти од руската алтернативна медицина за намалување на шеќерот во крвта и негово контролирање.
Рецепт со рен, лук и пиво
Потребни состојки:
-Корен од рен со должина од околу 20 см и дебелина околу 2 см
-9 чешниња лук
-Свежо квалитетно пиво
-Стаклена тегла или шише од 1 литар.
Постапка:
Коренот од рен добро измијте го, но не го лупете. Ситно исечкајте го и ставете го во теглата. Исчистете ги чешнињата лук, исечкајте ги, па и нив ставете ги во теглата. Смесата залијте ја со свежо пиво до врвот на теглата (или шишето), затворете и чувајте на темно место 10 дена.
По изминување на 10 дена, процедете.
Употреба:
Првите два дена по една чајна лажичка, 2-3 пати дневно.
Следните денови, по една супена лажица, трипати дневно, пред оброк.
Оваа мешавина може да го намали високиот шеќер во рок од еден месец и да го одржува под контрола.
Рецепт со овес
Потребни состојки:
50 г зрна овес
½ л дестилирана вода (или превриена па изладена вода)
Постапка:
Овесот залијте го со водата па ставете на тивок оган додека до зоврие. Откако ќе зоврие варете уште 10-15 минути, тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои уште 1 час. Процедете. (Овесот можете да го изедете или со него да приготвите некое јадење).
Употреба:
3-4 пати дневно по половина чаша, пред јадење.
Терапијата трае околу 2-3 седмици.
Рецепт со јајце
Потребни состојки:
1 јајце
Сок од 1 лимон со средна големина
Постапка:
Изматете го јајцето. Во него исцедете сок од еден лимон. Смесата добро измешајте ја.
Употреба:
Секое утро на празен стомак.
Терапијата трае најмалку две седмици.