Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира од абномалните нивоа на глукоза во кр-вта односно хипергликемија. Овие абнормалности се предизвикани заради тоа што телото не може да создаде инсулин (поради различни хормонски или други проблеми со панкреасот).




Во некои случаи хормонот инсулин се создава во Лангерхансовите островчиња (панкреасните), но не може да се искористи соодветно од страна на организмот. Постојат неколку типа на дијабетес кои се сосем различни, а кај нас, но и во светот е позачестен вториот тип.




Инсулинот се смета дека е главниот анаболен хормон на телото. Го регулира метаболизмот на јаглехидрати, масти и протеини преку промовирање на апсорпција на глукоза од кр-вта во клетките на црниот дроб, маснотиите и мускулите.




Доколку дијабетичарите јадат храна богата со шеќер или скроб, нивото на глукоза во кр-вта се зголемува со голема брзина. Здравите луѓе можат да толерираат ваква храна, бидејќи панкреасот автоматски испраќа поголеми количини на инсулин, така што сиот тој шеќер побрзо „патува“ низ кр-вотокот каде што е потребен.




Во случај на недоволно функционален панкреас во однос на производството на инсулин и создаден имунитет на инсулин (резистентност), како кај дијабетичарите, овој голем внес на шеќери не може да се „свари“.

Затоа дијабетичарите сè уште имаат високо ниво на шеќер во кр-вта, поради што лекарите при почетното дијагностицирање на болеста ги советуваат пациентите целосно да го исфрлат овој вид на храна.




Сепак, науката покажа дека, всушност, сè зависи од обликот и видот на храната изградена од јаглехидрати и шеќери. Не мора целосно да се откажете од слатките. Треба само да ги јадете во комбинација со лесно сварливи состојки и правилно да ја испланирате нивната изедначена конcyмација. Клучот е во умереноста и не е добро да се претерува во ништо.




Дискутабилна е и конcyмацијата на солта кај дијабетичари. Таа е неопходна за функционирање на некои процеси, но во ограничени количества. Организмот на човекот има потреба од мали количини на натриум (составен елемент на солта) кој е значаен за пренесување на нер-вните импулси, за контракциите и релак-сирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот.




Се проценува дека секој човек има потреба од околу минимум 500 мг натриум на дневна база за одржување на споменатите функции. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје – јодот.

Сепак, прекумерниот внес на солта станува голем проблем во модерниот начин на живеење заради сè поголемиот пробив на процесираните и готови јадења, кои се особено богата храна со т.н. „скриена“ сол.




Така, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4 г сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен висок притисок, заболувања на срцето и срцев у дар.




Исто така, може да предизвика гу-бење на калциумот, кој најчесто се извлекува од кос-ките со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на скелетниот систем. Количината на внесена сол исто така игра важна улога во развојот на дијабетот. Сепак, меѓусебната поврзаност на солта и дијабетот е доста покомплексна.

Претерана конcyмација на сол води кон задржување на течностите во организмот, што директно го покачува кр-вниот притисок. Сите знаеме дека високиот кр-вен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.




Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, дебелина, покачен кр-вен притисок, нару-шен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично.

Така, кај лицата што стра-даат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и конcyмирањето на солта.